Додека преговараат Русите го бомбардираат зверски Харков (ВИДЕО)


Ужасни сцени се гледаат од Харков, градот што е најсилно под удар на руските сили, додека нивната делегација во Белорусија наводно бара мирно решение за конфликтот.

На двете видеа се гледа како безмилосно се уништуваат цивилни згради и како лежат мртви цивили по асфалтот. 

Според информациите руските сили користат кластер бомби кои се распрскувачки и служат за масовно убивање, очигледно со намера да се таргетираат цивилите и да се деморализираат тие што ја бранат земјата. Претходно, медиумите од Украина јавија дека за првпат руските сили употрeбиле уште едно нелегално оружје, „пламенофрлач“, т.е. воено возило кое исфрла комбинација на оган и хемиски супстанци, предизвикува уништување од голем размер и ги јагленисува тие што ќе му се најдат на патот. Употребата на овие две оружја, особено врз цивили, се смета за воено злосторство.