Промовирана нова поштенска марка посветена на ретката болест Епидермолизис булоса


На датумот кога се одбележува Денот на ретките болести, 28 февруари „Македонска пошта“ објави марка во чест на болните деца со Булозна епидермолиза.

Денеска заврши националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ и секоја година „Македонска пошта“ пушта во оптек ретка поштенска марка. Ова е четврта ретка поштенска марка до сега.

Булозната епидермолиза е ретка генетска болест на кожата и слузницата, и се манифестира со формирање меури и отворени рани. Кожата е премногу чувствителна и на најмал допир или притисок се појавуваат рани како изгореници. Се јавува кај 2 до 4 лица на 100.000 жители. Децата кои страдаат од оваа болест се познати и како „деца пеперуги“.