Тарантино на 58 години ќе стане татко по втор пат


 Израел– Познатиот режисер Квентин Тарантино (58) и неговата сопруга го очекуваат своето второ дете. Веста доаѓа две години откако двојката го доби своето прво дете – синот Лео, во февруари 2020 година. Тарантино и неговата 20 години помлада сопруга, израелската пејачка и топ-модел Даниела Пик, првпат се сретнаа 2009 година додека режисерот во Израел го […]

Пржинската влада останува, одбиен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ


Ништо од предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на пржинската влада. Барем засега. Собранието денеска со 55 гласа „против“ и 32 гласа „за“ го отфрли предлогот на ВМРО-ДПМНЕ на дневен ред да се расправа за укинување на пржинската влада. Пред да се гласа координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, образложуваше зошто е потребно да […]

Ѓоргиевска: Потребни се поголеми напори за мотивирање и вклучување на жените во науката


По повод 11 февруари –  Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, на иницијатива на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, се одржа панел дискусија за улогата, застапеноста и видливоста на жените во науката, како и предизвиците со кои се соочуваат. Учеснички на панел дискусијата беа жени научнички од земјава, а свои излагања […]

Принцот Чарлс позитивен на Ковид-19


Англија– Принцот од Велс е позитивен на „Ковид-19“ и сега е во самоизолација, соопшти Кларенс Хаус. Ова е вторпат престолонаследникот да биде позитивен на коронавирусот откако се зарази со болеста во март 2020 година. Принцот од Велс рече дека „многу лесно се извлекол“ кога се заразил со коронавирус на почетокот на епидемијата во Англија во […]

Лавров ѝ рекол на Лиз Трас дека „Русија нема планови за инвазија на Украина“


  Британскиот министер за надворешни работи рече дека добила гаранции од нејзиниот руски колега дека Москва „нема планови да ја нападне Украина“. Лиз Трус се состана на разговори со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во четвртокот во Москва, како дел од дипломатската кампања на Западот да ја убеди Русија да не започнува напад […]

Жените истражувачи честопати имаат пократки и помалку платени кариери


Жените обично добиваат помали грантови за истражување во споредба со машките колеги. Иако жените се 33,3 отсто од сите истражувачи, само 12 проценти од членовите на националните научни академии се жени. Покрај недостаток на вештини во технолошките области кои се клучни за четвртата индустриска револуција жените се само 28 отсто од дипломираните инженери, а 40 […]

Бектеши: Околу 7.000 домаќинства ќе добијат финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за струја


Има голем интерес кај граѓаните за користење на мерката за финансиска поддршка за покривање на дел од сметките за електрична енергија за домаќинствата со ниски примања. Бројот на пристигнати барања во архивата на Министерството за економија, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 6.500, а согласно предвидените буџетски средства за оваа намена која изнесува 60.000 денари, со […]

Собранието прифати законот за минимална плата да оди по скратена постапка


  Собранието денеска едногласно со 101 глас „за“ го прифати предлогот на Владата по скратена постапка да бидат донесени измените на Законот за минимална плата. Предлог-измените, кои се резултат на договорот постигнат на Економско-социјалниот совет за зголемување на минималната плата и за новата методологија за усогласување на минималецот, треба да биде разгледани на матичната собраниска […]

Армани и Валентино: Адел во италијански дизајн на „ Брит авордс“


Англија-На годинешното доделување на Британските музички награди доминираше Адел, која освои три статуетки. „Кралицата на БРИТ“, како што ја нарече водителот Мо Гилиган, ги доби одличјата за албум, за најдобар изведувач и песна на годината, за „Easy on Me“. Изборот на тоалетите на црвениот килим беше во преден план, а Адел вечерта смени три тоалети. […]

Ана Андреева го наследи Марјан Забрчанец во комуникацискиот тим на Владата


Во врвот на комуникацискиот тим на Владата доаѓа до промена неполн месец откако беше изгласан кабинетот на новиот премиер Димитар Ковачевски. Од позицијата секретар за комуникации и јавни политики си заминува Марјан Забрчанец, кој ја извршуваше таа должност од август 2017, кусо по формирањето на првата влада на Зоран Заев. Забрчанец беше национален координатор за […]

Комора на приватно здравство: Преку 2.500 здравствени установи се на раб на егзистенција


Повеќе од 2.500 здравствени установи се во сериозна егзистенцијална криза, на раб на опстанок. Матичните лекари за 63 денари во месецот треба да дадат неограничен број улсуги, 24 часа, седум дена во неделата. Нема почитување на работните односи, реагира денеска Комората на приватно здравство. Комората очекува да седне на маса со надлежните за да се […]

Утре прв лет Скопје – Софија


 На Меѓународниот аеродром Скопје  утре во 9.40 ќе слета авионот  од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“, со што ќе се реализира првиот лет на таа релација. Со авионот во Скопје ќе пристигнат македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Благој Бочварски, како и туроператори од двете држави. Активностите […]

„Ги запознаваме ретките болести 2022“ – кампања за подигнување на свеста за лица со ретки болести


#LightUpForRare е мотото на годинешната национална кампања „Ги запознаваме ретките болести 2022“ која досега емитуваше 10 епизоди со разни едукативни текстови и видеа изработени за секоја поединечна дијагноза на македонски и албански јазик. Целта на оваа кампања, која почна од 1 февруари, е да ја подигне свеста и солидарноста кон лицата кои страдаат од ретки […]

Дали короната протекла од лабораторија: „Сѐ тргна од Антарктикот“


  Раната верзија на Ковид-19, која се чини дека потекнува од лабораторија, е откриена во примероци од кинеска биотехнолошка компанија, пишува Сара Кнаптон, уредник на научната рубрика на британски „Телеграф“. Ова откритие им дава за право на тврдењата дека вирусот можеби настанал како лабораториски експеримент кој случајно протекол. Експертите за биоинформатика од Ветеринарниот универзитет и […]

Патиките на „Луј Витон“ и „Најк“ срушија рекорд- 200 пара продадени за 25 милиони долари


Англија- Минатиот месец, Sotheby’s откри дека ќе го даде на аукција очекуваниот модел на патики  „Air Force 1“ на Louis Vuitton x Nike како почит на починатиот Вирџил Абло. Со официјалното завршување на наддавањето, аукциската куќа откри дека целосната колекција на патики, ограничена на само 200 пара, е продадена за рекордна сума од 25,3 милиони […]

Кои се финалистите на изборот за “Светски автомобил на годината”?


САД- Жирито на изборот за Светски автомобил на годината ги објави финалистите во главните и поткатегориите за 2022 година. Победниците во главната и поткатегориите ќе бидат објавени на 13 април за време на Меѓународната изложба во Њујорк. За главната награда – Светски автомобил на годината 2022 (WCOTY 2022), финалисти се 10 автомобили: Audi Q4 e-tron, […]

„Вонземскиот“ црн дијамант продаден за 3,75 милиони евра


Англија- Црниот милијардагодишен дијамант стар, за кој се верува дека е најголемиот избрусен дијамант во светот, е продаден за 3,16 милиони фунти (околу 3,75 милиони евра). Аукциската куќа „Сотби“ објави дека „купувачот одлучил да користи криптовалута за купување дијаманти“. Сепак, се очекуваше дека дијамантот наречен „Енигма“ од 555,55 карати, кој тежи приближно колку една банана, […]

Бесими: Зголемувањето на минималната плата e системско и одржливо решение кое ќе влијае на продуктивноста и на конкурентноста


Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека зголемувањето на минималната плата не значи само еднократен пораст на минималната плата, туку дека се предлага едно системско и одржливо решение преку новата методологија за усогласување на минималецот. -Зголемувањето на минималната плата од 15.200 денари на 18.000 денари е еднократно зголемување на минималната плата со цел да се […]

Скопскиот аеродром со ново признание за иницијативата „Гласот на клиентот“


Меѓународниот Аеродром Скопје повторно се стекна со признание од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI – Airports Council International World) во иницијативата наречена „Гласот на клиентот“, со која се препознаваат и им се оддава признание на аеродромите што вложиле и покажале значајни напори во собирање повратни информации од патниците преку програмата за Квалитет на аеродромските услуги. […]

Судењето за „Топлик“ одложено за 16 февруари


Судењето за „Топлик“ се одложува за 16 февруари поради отсуство на еден од обвинетите, кој е позитивен на Ковид-19. На денешната расправа, како што беше најавено, Обвинителството требаше да почне со давање на завршни зборови. Судијата Осман Шабани, на почетокот на денешното рочиште информираше дека од адвокатот Часлав Станоевиќ, бранител на обвинетиот Томе Ѓурчилов, на […]