Жените истражувачи честопати имаат пократки и помалку платени кариери


Жените обично добиваат помали грантови за истражување во споредба со машките колеги. Иако жените се 33,3 отсто од сите истражувачи, само 12 проценти од членовите на националните научни академии се жени. Покрај недостаток на вештини во технолошките области кои се клучни за четвртата индустриска револуција жените се само 28 отсто од дипломираните инженери, а 40 отсто од дипломираните студенти во компјутерски науки и информации.

Ова денеска го истакна сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска на панел дискусијата по повод Меѓународниот ден на жените и девојките во науката. Таа посочи дека годинашното одбележување на овој ден е на тема „Еднаквост, разновидност и инклузија – Водата не обединува“.

– Жените истражувачи честопати имаат пократки и помалку платени кариери. Нивната работа не е доволно застапена во научните списанија и честопати се одминати кога станува збор за унапредување. Ова се предизвиците со кои сите ние се соочуваме и сметам дека преку вакви дискусии и поголема вклученост на институциите ќе бидеме дел од решението, а не дел од проблемот како што е сега, рече Ѓорѓиевска.

Во однос на денешната тема, Ѓорѓиевска посочи дека ОН нотира дека милијарди луѓе во светот нема да имаат можност да имаат пристап до безбедна вода во домаќинството како и за хигиенски потреби во 2030 година освен ако напорите и напредокот за обезбедување на водата не се зголеми за четири пати.

– Зголемената потреба, недоволниот менаџмент и недостаток да се зачуваат водните ресурси обременети дополнително со климатските промени за кои стануваме се повеќе свесни тоа се клучни предизвици за кои ни е потребен нов холистички пристап за да се усогласат стратегиите кои се однесуваат на водите, рече Ѓорѓиевска.

За време на пандемијата со Ковид-19, додаде, миење на раце и одржување на хигиената како заштитни мерки беа нагласувани постојано, но сепак, како што потенцира, мора да бидеме свесни дека голем дел од луѓето навистина немаат пристап до безбедна и чиста вода.

– Затоа при одбележувањето на Меѓународниот ден на жените и девојките во науката потребен е силен фокус кон темите со кои жените ќе се гледаат како чинители кои можат да придонесат во напредокот на науката, нагласи Ѓорѓиевска.

Доцент Јана Клопчевска од Технолошко металуршкиот факултет посочи дека овој Факултет има традиција на женски факултет, односно жените од поодамна се доста активни во науката.

– Самиот факт што нашиот факултет има единствена прва жена ректор кажува колку тие се вклучени и заангажирани. Ние сме 25 жени од наставниот кадар и неодамна примивме 16 нови млади соработнции асистетни. Од нив 15 се жени. 52 посто се жени во наука со што нашата држава влегува во земјите на Балканот каде жените паралелно се поставени во тој балајнс на половите заедно со мажите, рече Клопчевска.

Емилија Фиданческа од Технолошко металуршкиот факултет која доаѓа од Институтот за неорганска технологија и заштита на животната средина вели дека мора да гледаме холистички кога зборуваме за квалитетот на живот согласно областа од каде доаѓаме.

– Токму еден од столбовите на смарт специјализацијата е зелениот план воведен од ЕУ за декарбонизација на оптшеството – Европа до 2050 година да биде климатско неутрален континент. Оттука основа е зазеленувањето и дигитализацијата. Мора да бидеме свесни дека живееме во едно време каде што е клучна трансофрмацијата пред се до ментален апсект да размислуваме поинаку, не за себе туку интегрално за нас, да се поврзуваме и она што е да се постигнат овие цели за декарбониазијација, зазеленување, а дигитализацијата тука треба да помогне да се дојде до зазеленувањето и декарбонизацијата. Јас лично го гледам коцнептот на нулта емисија и на циркуалрна економија како идна стратегија, можност, поголема застапеност на менталниот склоп на засегнатите страни со цел да направиме одржливо рециклирачко општество каде улога ќе најдат новите материјали или наноматеирјалите, рече Фиданческа.

Додаде дека мултидисциплинарниот пристап е секогаш решение за проблемите и оти сите мора да гледаме пошироко за да можеме да допринесеме.

Д-р Марина Стефова од Институт за хемија при ПМФ истакна дека благодарение на историјата на живеење во социјалистички општествен систем ние немаме многу сериозен проблем во застапеноста на жените во природните науки особено во хемијата.

– И кај нас доминираат жените меѓу студентите, магистрантите иако на Институт има родов баланс. Мислам сме иделано избалансирани, но меѓу студентите доминираат девојките. Поддршката меѓу нас е потребна повеќе кога доаѓаме до повисоките раководни места во институциите. Сите ние како жени научнички се бориме да ја постигнеме рамнотежата меѓу професионалниот и личниот живот и тука најмногу треба помош во постигнувањето на ова. Јас се уште ја бркам таа рамнотежа меѓу професионалниот и личниот живот бидејќи е многу важно да се постигнат успеси во двата домени и да не трпи било кој заради другиот, рече Стефова.