Петличковски: Од понеделник ќе се прави скрининг-тестирање за имунитет на Ковид-19


 Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски најави дека од понеделник ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на Ковид-19 има населението во земјава. Тоа, рече, ќе помогне во планирањето на идните активности и на Комисијата и на државата. Едно вакво тестирање беше направено пред една година […]

Почина вирусологот кој го откри ХИВ. Тој беше анти-ваксер, a ширеше и лажни и бизарни теории


Францускиот виролог и нобеловец Лук Монтание, човекот кој го откри ХИВ, почина на 89-годишна возраст во предградие на Париз. Тој ја доби Нобеловата награда за медицина за неговиот придонес во откривањето на вирусот ХИВ.. Монтание почина во вторникот во американската болница Ној-сур-Сен во близина на Париз, објави во четвртокот градоначалникот Жан-Кристоф Фромантин. Францускиот научник, кој […]

Србија ја ограничи цената на горивата, ќе вработи 1.000 дипломирани медицински лица


Владата на Србија усвои Уредба со која пропиша максимална малопродажна цена на нафтените деривати еуро дизел и евро премиум БМБ 95 да изнесува 179 (1,52 евра), односно 171 динар (1,45 евра) за литар, јави дописникот на МИА од Белград. Како што е соопштено по седница на Владата, Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати […]

Бочварски од Софија: Договорени 1.500 годишни дозволи за транспорт и изградба на интерконекторот за гас Струмица – Петрич


Делегација предводена од министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска престојува во работна посета на Софија, Република Бугарија, каде се одржа втората средба на Работната група за транспорт, енергетика и локална самоуправа, помеѓу владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија. Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во рамки на работната група […]

Инфлацијата во САД стигна до највисоко ниво последниве 40 години


  Инфлацијата во САД се зголеми во текот на изминатата година со највисока стапка во последните четири децении, погодувајќи ги американските потрошувачи, бришејќи ги зголемувањата на платите и зајакнувајќи ја одлуката на Федералните резерви да започне со зголемување на стапките на задолжување низ економијата. Министерството за труд во четвртокот соопшти дека потрошувачките цени скокнале за […]

Американски авиони Ф -15 слетаа во базата „Ласка“ во Полска


Полска – Американските авиони Ф-15 денеска слетаа во полската воздухопловна база „Ласка“, изјави полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, во моменти кога НАТО го зајакнува своето воено присуство на источното крило во контекст на тензиите меѓу Украина и Русија. Авионите пристигнаа во време кога во Полска се распоредени и дополнителни американски и британски војници, а во […]

Владата го продолжи рокот за постоење на кризна состојба со топлинска енергија до 30 април


Владата на денешната 13-та седница донесе Одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на град Скопје заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Како што информира владината прес-служба, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување […]

Во Британија пристигна Ласа треска од Африка, опасен сој на аренавирус 


Англија– Во Велика Британија се откриени два случаи на Ласа треска, кај патници кои биле во Западна Африка, а здравствените служби веднаш го стиснале алармот бидејќи станувало збор за многу опасна заразна болест, јавуваат британските медиуми. Европските нулта пациенти веднаш биле ставени во изолација и се лекуваат. Ласа треската често пати е смртоносна аренавирусна инфекција која […]

ЗОИ: Табела на медали – Германија води пред Норвешка


Кина – Германија со шест златни одличја е на чело на табелата според освоени медали по одржани 45 од 109 финални натпреварувања на 24. Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг. Германија 6 3 0 9 Норвешка 5 3 4 12 Австрија 4 5 4 13 САД 4 5 1 10 Холандија 4 3 1 8 Шведска […]

Данска ги отвори вратите за американски војници на своја територија


Данска– Данска денеска соопшти дека ја отворила вратата за присуство на американски војници и воена опрема на нејзина територија како дел од новиот билатерален договор што го олеснува движењето на американските војници во Европа во услови на тензиите меѓу Западот и Русија. -САД и подадоа рака на Данска, која, исто така, е членка на НАТО, […]

Нови 1.409 заразени, 28 починати 


Во последните 24 часа од направени 3.824 тестови регистрирани се 1.409 нови случаи на КОВИД-19 меѓу кои 206 се реинфекции, починати се 18 лица, а согласно регистарот  од Мој Термин дополнително се пријавени и 10 починати лица во периодот од 31 јануари до 7 февруари, додека како оздравени се водат 1.455 пацинети,  информира Министерството за […]

Македонија и Бугарија блиску до договор за либерализација на дозволите за превозници


Бугарскиот министер за транспорт Николај Сабев на учесниците во работната група им порача дека е постигнат многу сериозен напредок во областа на транспортот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Има три теми на кои работи транспортната група, рече Сабев, а утре во Скопје ќе се разговара за авиолинијата меѓу двете соседни земји. Како што јави дописникот […]

Истражување: 45 проценти од децата во 2 и 3 одделение имаат основни вештини за читање


Вкупно 45 проценти од децата во 2 и 3 одделение имаат основни вештини за читање – т.е. можат правилно да прочитаат 90 проценти од зборовите во расказот, да одговорат на три прашања за буквални значења и две прашања за изведени значења. Додека 68 проценти успеале правилно да ги прочитаат зборовите, само половина точно одговориле на прашањата за изведени значења, покажува Мултииндикаторското кластерско истражување (МИКС) на […]

ЗОИ: Германија ги освои сите златни медали во санкање


Германската репрезентација во санкање победи на денешната трка во екипна конкуренција и со тоа ја заокружи апсолутната доминација на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг. За Германија настапија олимписките победници во женска (Натали Гејзенбергер) и во машка конкуренција (Јоханес Лудвиг), како и освојувачите на златниот медал во конкуренција на двојки (Тобијас Вендл и Тобијас Арлт). Сребрениот медал […]

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат одговор што е со заинтересираниот инвеститор


Работниците од прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ бараат одговори од Владата што се случува со последниот, според нив, сериозно заинтересиран инвеститор кој барем двапати ја посетил фабриката и покажал заинтересираност да ја рестартира. Како што вели Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит“ станува збор за американска компанија од воената индустрија. Се бараат одговори од Владата […]

Илјадници професори и ученици штрајкуваа и протестираа во Брисел


– Околу 10.000 наставници, професори, ученици, административен и технички персонал излегоа денеска на улиците во Брисел во знак на протест против условите во франкофонското образование во Белгија, јави дописничката на МИА од Брисел. Повикот за штрајк и протести во франкофонското образование наиде на огромна поддршка и покрај лошите временски услови. Десет илјади демонстранти според организаторите, […]

МОН ќе работи за инклузивност во образованието


Подигнувањето на инклузивноста на образовниот систем е врвен приоритет на Министерството за образование и наука и на Владата на Република Северна Македонија. Како оваа определба што поуспешно да се преточи во воспитно-образовниот процес, денес, на работна средба, разговараа министерот за образование и наука Јетон Шаќири, Спасе Додевски, советник на Претседателот на Владата задолжен за здравствена […]

БиХ:  Земјотрес со јачина од 4,1 степени по Рихтер во близина на Тузла


Според првите информации, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтер, па е намален на 4,1, а епицентарот бил во близина на Тузла. Се почувствува низ цела БиХ, но и во Хрватска, Србија и Словенија. Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ја потресе Босна и Херцеговина околу 15:20 часот, соопшти ЕМСЦ. […]

Без промени на ФИФА листата, македонските фудбалери на 67. место


Македонската фудбалска репрезентација го задржа 67. место на првата овогодишна ранг-листа на ФИФА, идентично како и на последната објавена на крајот од 2021 година. На првото место и натаму е Белгија, пред Бразил и Франција. Eдинствената промена меѓу првите десет репрезентации се случи на четврто и петтото место на кои Аргентина и Англија ги заменија местата. Италија, противникот на македонските […]

„Тесла“ повлекува речиси 579.000 автомобили во САД поради слаб звук на алармот за пешаци


„Тесла“ повлекува 578.607 автомобили во САД затоа што пешаците можеби не се свесни дека возилото им се приближува доколку алармот што на тоа ги предупредува е премногу тивок, соопшти денеска американскиот регулатор. Според одлуките на Националната управа за безбедност на патиштата (НХТСА), „Тесла“ во последните четири месеци дури десет пати повлекувала одреден број возила. Производителот […]