ЗОИ: Германија ги освои сите златни медали во санкање


Германската репрезентација во санкање победи на денешната трка во екипна конкуренција и со тоа ја заокружи апсолутната доминација на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.

За Германија настапија олимписките победници во женска (Натали Гејзенбергер) и во машка конкуренција (Јоханес Лудвиг), како и освојувачите на златниот медал во конкуренција на двојки (Тобијас Вендл и Тобијас Арлт).

Сребрениот медал го освои Австрија, а бронзата и припадна на Летонија, која го освои првиот медал на Игрите во Пекинг.