Данска ги отвори вратите за американски војници на своја територија


Данска– Данска денеска соопшти дека ја отворила вратата за присуство на американски војници и воена опрема на нејзина територија како дел од новиот билатерален договор што го олеснува движењето на американските војници во Европа во услови на тензиите меѓу Западот и Русија.

-САД и подадоа рака на Данска, која, исто така, е членка на НАТО, и и’ понудија билатерална соработка во областа на одбраната“, рече премиерката Мете Фредриксен на прес-конференција.

Таа кажа дека сè уште не е дефинирана точната форма на оваа соработка, но дека може да опфати присуство на американски војници и воена опрема на данска територија.

Преговорите за идниот договор не се забрзани од актуелната криза меѓу Русија и Украина, рече данската премиерка, иако истакна дека сегашната криза ја „илустрира“ потребата од засилена соработка.

-НАТО и САД се гаранти на нашата безбедност, затоа формираме заеднички фронт со САД кога западните вредности, како демократијата и слободата, ќе бидат доведени во прашање, изјави данскиот министер за одбрана Мортен Бодсков.

Француските медиуми наведуваат дека оваа нордиска земја, која се бореше заедно со АмериÐ �анците во Ирак, во последните две децении стана еден од најблиските сојузници на Вашингтон во Европа.