ЗОИ: Гут – Бехрами олимписка победничка во супервелеслалом


Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами победи на денешната трка во супервелеслалом на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, освојувајќи го првиот златен олимписки медал во својата импресивна кариера. Бројот 7, кој Кинезите го сметаат за многу среќен, и донесе огромна радост на 30-годишната Швајцарка, која ја потврди доминацијата во дисциплината во која е актуелен светски првак. […]

Иницијатива на ЕУ за „здравствена унија“


Европска Унија покрена иницијатива за заедничка „здравствена унија“, изјави францускиот министер за здравство Оливие Веран, чија земја претседава со ЕУ. Текстот ќе се вика „Декларација од Гренобл“ по францускиот град, каде беше состанокот на министрите за здравство на земјите-членки на ЕУ. Веран изрази уверување дека ЕУ може да стане „светски шампион во јавното здравство“ доколку […]

„Ковид-19“, „Делта“, „Омикрон“- скулптури на Нела Јанковска инспирирани од пандемијата


Академската скулпторка од Крива Паланка Нела Јанковска е дел од годишниот реномиран настан на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, „Зимски салон“, што пред два дена официјално беше отворен во Чифте амам.   На деветнаесеттата манифестација „Зимски салон“ на тема „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“ беа изложени дела од македонски уметници, членови на ДЛУМ, како […]

Стинг ги продаде правата за целата своја музика на „Јуниверзал“ за 250 милиони долари


Англија– Британскиот пејач и текстописец Стинг го продаде целиот свој музички каталог на „Јуниверзал мјузик паблишинг груп“, се соопштува на интернет-страницата на компанијата. „’Јуниверзал мјузик паблишинг груп‘, водечкиот оддел за музичко издаваштво на УМГ, денеска го спроведе купувањето на музичкиот каталог на Стинг“, се вели во соопштението. Компанијата ќе ги стекне правата за сите соло проекти […]

Во Битола и Берово најстудено, најмногу снег во Маврови Анови


Најстудено е утрово во Битола и во Берово со – 6 степени, во Струмица се измерени -5, во Скопје-Петровец и Претор -4, во Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија -3, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Охрид, Гевгелија -2. Во Виница и Дојран се измерени нуластепени, а максимални два степена се регистрирани во Крушево. Најмногу снег […]

Форбс: Питер Џексон е најплатена славна личност во 2021


САД- На првото место се најде Питер Џексон, режисер и продуцент најпознат по филмовите „The Lord of the Rings“. Џексон заработи 580 милиони долари откако минатата година во ноември продаде дел од неговата компанија која се занимава со визуелни ефекти. На тој начин стана милијардер. На второто место на листата се најде Брус Спрингстин кој […]

Почина композиторот Тоде Новачевски, автор на хитовите на Маријана и Росана


Композиторот Тоде Новачевски, автор на најпопуларните песни на поп дуетот Маријана и Росана, почина во Мелбурн, Австралија по повеќегодишно тешко боледување. Имаше 66 години.   Тој беше поранешен сопруг на пејачката Маријана Сариќ, која со сестра си близначка Росана ги испеаја неговите најголеми хитови, како антологиските „Признавам“, „Свири ми брате Цигане“, „Ако не исчезнам“, „Верувај […]

Шефицата на лондонската полиција поднесе оставка


Шефицата на лондонската полиција Кресида Дик поднесе оставка откако градоначалникот Садик Кан изјави дека не е задоволен од нејзината реакција на барањето да се направат промени во полициските сили со цел да се искорени расизмот, сексизмот и другите проблеми во полицијата. Довербата во лондонската полиција во изминатите години е разнишана поради различни настани, како киднапирање, […]

Канадските власти најавуваат отстранување на блокадите


Блокадата на канадските камионџии, кои се против задолжителната вакцинација против Ковид-19, ги загрозува производителите во автомобилската индустрија, принудувајќи ги Форд, Џенерал Моторс и други автомобилски компании да затворат фабрики или да го намалат производството. Властите најавуваат дека полицијата е подготвена да ги отстрани блокадите. Четврти ден по ред камионџиите го блокираат сообраќајот кон Канада на […]

Бајден го отфрли извештајот во кој се критикуваат САД за повлекувањето од Авганистан


Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли заклучоците од декласифицираниот извештај за кој пишуваше Вашингтон пост, во кој американската војска го критикуваше начинот на кој Белата куќа управуваше со повлекувањето на САД од Авганистан. – Немаше вистински момент за повлекување од Авганистан, изјави Бајден во интервју за Ен-БиСи. Тој додаде дека ги отфрлил заклучоците од извештајот. […]

Од ИПАРД 3 се очекуваат над 50 отсто повеќе средства


Европската комисија овој месец треба да ја усвои новата ИПАРД 3 Програма 2021 – 2027 за нашата држава, а откако ќе се завршат административните процедури, ќе биде објавен и првиот јавен повик. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вели дека се очекува со ИПАРД 3 земјава да добие над 50 проценти повеќе средства […]

Холандија планира да укине повеќе анти-ковид ограничувања до крајот на месецот


Холандската влада соопшти дека има намера да укине повеќе од анти-ковид ограничувањата до крајот на месецот. Баровите и рестораните повторно ќе бидат отворени до еден часот по полноќ од 18 февруари наместо да се затворат во 22 часот, како што е сега. До крајот на месецот ќе се укинат мерките за социјална дистанца на јавни […]

Седници на две собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност. На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2020 година и Извештајот за реализација на Судскиот буџет за 2020 година. Членовите на Комисијата […]

Во Бугарија разговори на експертско ниво за политичкиот пакет прашања


Во Скопје и во Софија денеска продолжува обновениот македонско-бугарски дијалог за надминување на отворените политички прашања и интензивирање на соработката меѓу двете земји. Во Софија ќе се одржи редовниот состанок на експертско ниво, меѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија согласно договорената динамика на билатерални преговори за т.н. пакет на политички […]

Скрининг-тестирање ќе покаже каков е имунитетот на населението на КОВИД-19


  Од понеделник ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните активности.Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но има можност […]

„Француски бакнеж“ – љубовен концерт со оркестарот на Филхармонија


  „Француски бакнеж“ е насловен концертот што вечерва ќе се одржи под диригентската палка на Џијан Емин, а како солисти ќе настапат членовите од француското трио „Ана Кап” кои воедно се и автори на музиката што ќе биде изведена. Гости на концертот се и виолистот Оливие Самуилан и вокалистката Бети Жарден, и двајцата од Франција. […]

Сончево, претпладне магла во некои котлини


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната од 10 до 16 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со услови за слаба магла претпладне. […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 11 февруари 2022 година, 42-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 323 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 37 минути, а ќе зајде во 16 часот и 59 минути. Денов трае 10 часа и 22 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее […]

НБА: Харден во Филаделфија, Бен Симонс во Бруклин


Бруклин одлучи да се раздели со својот досегашен кошаркар Џејмс Харден и да го испрати во Филаделфија во замена за Австралиецот Бен Симонс, Сет Кари, Андреа Друмонд и двата следни избори на НБА драфтовите. Веста ја објави телевизиската мрежа ЕСПН, потенцирајќи оти оваа најзначајна играчка размена сезонава во НБА лигата доаѓа само неколку часа пред крајниот на […]

Собранието ги избра 16. заменик-министри во Владата


Со 63 гласа „за“, 35 „против“ и без воздржани, Собранието синоќа ги избра 16. заменик-министри во Владата, предложени од премиерот Димитар Ковачевски. За заменик-министер за одбрана е избран Башким Хасани, за заменик-министер за внатрешни работи Назим Буши, за правда Агим Нухиу, а за надворешни работи Фатмире Исаки. Во Министерството за финансии за заменик-министер е изгласан […]