Форбс: Питер Џексон е најплатена славна личност во 2021

И покрај тоа што е почеток на 2022 година, магазинот Forbes ја објави листата на најплатени славни личности годинава


САД- На првото место се најде Питер Џексон, режисер и продуцент најпознат по филмовите „The Lord of the Rings“. Џексон заработи 580 милиони долари откако минатата година во ноември продаде дел од неговата компанија која се занимава со визуелни ефекти. На тој начин стана милијардер.

На второто место на листата се најде Брус Спрингстин кој ги продаде авторските и издавачките права на сета негова музика и напишани текстови, вклучително и на 11 мултиплатинести албуми и пет златни песни. Со тоа оствари заработка од 435 милиони долари, а сето тоа го плати Sony Music, која е матична компанија на неговата издавачка куќа Columbia Records.

На третото место е раперот Џеј Џи со заработка од 340 милиони долари. По него следи актерот Двејн Џонсон кој со 270 милиони долари заработка е еден од ретките актери на листата. Заработи најмногу од филмовите „Jungle Cruise“ и „Red Notice“, но и со продажба на негова марка на текила.

Петтото место му припадна на раперот Кање Вест, а по него следат творците на South Park, Мет Стон и Треј Паркер кои потпишаа договор вреден 900 милиони долари со ViacomCBS

Меѓу десетте славни со најголема заработка во 2022 година се најдоа и имињата на Пол Сајмон, Тајлер Пери, Рајан Тедер и Боб Дилан.

На листата се најдоа и групата ред Хот Чили Пеперс, актерката Рис Витерспун, како и Шонда Рајмс, креаторка на серијата „Grey’s Anatomy“.

Пејачката Тејлор Свифт, која во 2019 година со 185 милиони долари беше најплатена славна личност, сега се најде на дното со заработка од 52 милиони долари.