НБА: Харден во Филаделфија, Бен Симонс во Бруклин


Бруклин одлучи да се раздели со својот досегашен кошаркар Џејмс Харден и да го испрати во Филаделфија во замена за Австралиецот Бен Симонс, Сет Кари, Андреа Друмонд и двата следни избори на НБА драфтовите.

Веста ја објави телевизиската мрежа ЕСПН, потенцирајќи оти оваа најзначајна играчка размена сезонава во НБА лигата доаѓа само неколку часа пред крајниот на рок за размени, кој истекува вечерва на полноќ.

Уште неколку размени беа објавени денеска и во изминатите неколку денови, а меѓу најактивните клубови беа Лос Анџелес клиперс и Сакраменто.