Теута Арифи: Касами да не се занимава со мене, туку со Тетово


Поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи во гостување во Утрински брифинг изјави дека Биљал Касами треба да се занимава со Тетово, а не со неа. Ова доаѓа откако Касами објави список на имиња на лица кои биле ангажирани со договор на дело од Општината, а голем дел од нив воопшто не сработиле ништо. Според тврдењата […]

СЗО: Не е крај на пандемијата, следуваат нови варијанти


Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумија Сваминатан, денеска изјави дека светот сè уште не завршил со пандемијата од Ковид-19, бидејќи следуваат нови варијанти. – Видовме како вирусот еволуира и мутира, така што, знаеме дека ќе има повеќе нови варијанти, повеќе варијанти кои предизвикуваат загриженост, што значи, не сме на крајот од пандемијата, појасни […]

Погледнете ја првата овогодишна ерупција на Етна, лава тече на три страни


  Вулканот Етна на СИцилија, еруптира кусо вчера вечерта, а три потоци лава течеа на неколку стотини метри, но аеродромот во Катанија во подножјето на вулканот работи нормално. Се работи за прва еруција на Етна оваа година. Чадот се издигна на 8.000 метри во височина, наведива Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV). Се вели […]

Бесими – Фрагогијанис: Со заеднички чекори ќе ја зајакнуваме економската соработка 


Севверна Македонија и Грција со заеднички чекори ќе работат на унапредување на економската соработка и трговската размена, како и на заштита на инвестициите. Ова е заклучокот од средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-министерот за економска дипломатија на Република Грција Костас Фрагогијанис, кој е во посета на РС Македонија. На средбата беа истакнати […]

Сеавус ја отвори првата канцеларија во Турција


Компанијата за развој на софтвер и консултантски услуги, Сеавус, која е дел од групацијата Арикома, ја отвори својата прва канцеларија во Турција, поточно во Истанбул, зајакнувајќи го своето влијание и проширувајќи ја можноста да понуди посветен локален тим за своите клиенти и партнери. Канцеларијата во Истанбул е вкупно 17-та на компанијата, со што Турција стана […]

Рекордни 144 мостри од вина и ракии на натпреварот во Неготино


Рекордни 144 мостри од вина и ракии пристигнаа на натпреварот во Неготино што го организира Општината во рамки на Неделата на вино. Мострите се од вина и ракии од реколтата 2021. Притоа, 57 се во категоријата црвени вина, 48 во категоријата бели вина, додека 39 мостри се во категоријата ракии. – Оваа година стручната комисија […]

НЛБ haPPy картичка за happy зима, 5 отсто кешбек за платена сметка за електрична енергија


Како општествено одговорна банка, во услови на енергетска криза и зголемени цени на електрична енергија, НЛБ Банка организира промотивна кампања за НЛБ haPPy картичките. Во рамките на оваа кампања, која е во тек и ќе трае до 31.03.2022 година, Банката на клиентите им овозможува 5% поврат на средства (cashback) за секоја сметка за електрична енергија […]

(Во живо) Пуштање во употреба на единствениот број за итни случаи – 112


Европскиот број за итни случаи 112, од денеска се пушта во употреба и за македонските граѓани, кои во итен случај, со вртење на бројот 112, во најкраток можен рок ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада, од каде било во државата. Итниот број 112 е предвиден како додаток на постоечките броеви за итни случаи и како едношалтерски сервис […]

ЗОИ: Злато за Финецот Нисканен во трката на 15 километри


Најдобриот фински натпреварувач во скијачко трчање, 30-годишниот Иво Нисканен, е олимписки победник во трката на 15 километри класичен стил, а до своето трето олимписко злато дојде денеска на убедлив начин, надминувајќи го второпласираниот Александер Болшунов од Русија за 23.2 секунди. За Нисканен ова е втор медал на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, по бронзата […]

Извештај: Квалитетот на дебата во Собранието оценет со 5,4


Средната оценка на квалитетот на дебатата во Собранието од јануари до јули 2021 година е 5,4, што означува пад на квалитетот на дискусијата споредено со периодот јануари – јуни 2021, за коj оценката за квалитетот на дебатата беше 5,6. Ова го покажува Извештајот од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули – декември 2021) […]

НБА: Рекордни 51 поени за Дончиќ во триумфот на Далас над ЛА Клиперс


Кошаркарите на Далас го совладаа синоќа на домашен терен Лос Анџелес клиперс со 112-105, предводени од Лука Дончиќ, кој постигна рекордни 51 поени. Словенечкиот кошаркар до рекорден ефект во својата кариера дојде со фантастично издание во првата четвртина во која уфрли дури 28 поени, реализирајќи седум тројки од девет обиди. Having himself a night 🔥🥵 pic.twitter.com/ZDIpzkDwj8 — […]

Драмски театар со „Мојот маж“ на Меѓународен фестивал во Љубљана 


НУ Драмски театар од 9 до 14 февруари ќе учествува на Меѓународниот фестивал „РУТА Група Триглав“ во Љубљана. На 13 февруари ансамблот на Драмски ќе ја изведе претставата „Мојот маж“ која претставува колаж од расказите на Румена Бужаровска. Претставата е во режија на Нела Витошевиќ и има добиено повеќе награди: за севкупен уметнички ангажман на […]

Се снима моден трилер за Диор и Шанел-Менделсон и Бинош во главните улоги


САД- Аpple TV Plus го снима модниот трилер „The New Look“, на Тод А. Кеслер („Bloodline“) за метеорскиот подем на францускиот моден дизајнер Кристијан Диор, со Бен Менделсон („Bloodline“) и Жулиет Бинош („Англискиот пациент“). Трилерот од Втората светска војна, „Новиот изглед“ се отвора во Париз окупиран од нацистите, кога завршува владеењето на Коко Шанел (Бинош) […]

„Независен“ на борбената линија: Само седумсто метри ги делат Украина и Русија од војна  


   ЗОЛОТЕ, Источна Украина – Колку сме поблиску до линијата на фронтот, толку е појасна цената на руската воена агресија што ја плаќа Украина, со најавата дека може да биде уште повисока и уште пострашна. Таа е економска, а пред сѐ човечка и еден само поглед на територијата што се граничи со окупираната територија ја […]

„Работите можат брзо да полудат“, предупредува Бајден за ситуацијата во Украина


  Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека „работите може брзо да полудат“ во Украина и повторно ги повика американските граѓани веднаш да си заминат, додека секретарот за одбрана на Обединетото кралство се упати кон Москва во последната рунда дипломатија. „Американските граѓани треба да заминат, треба да заминат сега“, рече Бајден во интервју за NBC News. […]

Забрчанец: Во регионот имаме највисок индекс на отвореност


Со својот ангажман и со ангажманот на мојот тим и на ПР секторите на министерствата дадовме суштински придонес и државата ја доби најтранспарентната влада од независноста до денес, изјави досегашниот национален координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец за „Фокус“.   Тој додаде дека е горд на петте години во службата за придонесот кон […]

Четири случаи на подсој на омикрон регистрирани во Црна Гора


Црна Гора – Четири случаи на инфекција со подгрупата на вирусот омикрон БА.2, нарекуван и стелт омикрон, се регистрирани во Црна Гора, се наведува во денешното соопштение на Институтот за јавно здравје. Според Светската здравствена организација, новиот подсој на омикрон БА.2, не е „загрижувачки“. Засега не постојат докази, што укажуваат на тоа, дека оваа нова подваријанта […]

Министрите за транспорт, Бочварски и Сабев, во првиот лет од Софија до Скопје


Во првиот авион што денеска треба да летне на релацијата Софија – Скопје се и две државни делегации на чело со министрите за транспорт Николај Сабев и Благој Бочварски. По слетувањето во Скопје ќе бидат соопштени деталите за идното функционирање на авиолинијата, која треба да стане редовна од идниот месец. Авионското поврзување меѓу Скопје и […]

Џоли побара од Сенатот да го поддржи Законот за насилство врз жените


САД– Актерката и активистка Анџелина Џоли се врати во Вашингтон во средата попладне за да ја изрази својата поддршка за жртвите на семејна злоупотреба, барајќи од Сенатот да го обнови Законот за насилство врз жените (VAWA), за кој таа тврди дека обезбедува основна заштита на преживеаните од злоупотреба. „Стоејќи овде, во центарот на моќта на […]

Бугарија: Обвинителството проверува дали е користен софтверот „Пегаз“ во владини агенции за незаконското прислушување


Софиското обвинителство води истрага за можна незаконска употреба на софтверот „Пегаз“ во државни структури заради неодобрено прислушување бугарски државјани, соопшти обвинителството. Од Националното биро за контрола на специјални разузнавачки средства (НБЦРС) побарале информации дали во државните структури се применувал производот на израелската технолошка компанија НВО Груп „Пегаз“ за конкретни граѓани. Проверката ќе разјасни дали софтверот […]