НБА: Рекордни 51 поени за Дончиќ во триумфот на Далас над ЛА Клиперс


Кошаркарите на Далас го совладаа синоќа на домашен терен Лос Анџелес клиперс со 112-105, предводени од Лука Дончиќ, кој постигна рекордни 51 поени.

Словенечкиот кошаркар до рекорден ефект во својата кариера дојде со фантастично издание во првата четвртина во која уфрли дури 28 поени, реализирајќи седум тројки од девет обиди.

Далас со оваа победа е петтопласиран на Западот со 33 победи и 23 порази, додека Клиперси се осми со 27-30.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу четвртокот и петок:

Детроит – Мемфис 107-132

Вашингтон – Бруклин 113-112

Њу Орлеанс – Мајами 97-112

Хјустон – Торонто 120-139

Далас – ЛА Клиперс 112-105

Феникс – Милвоки 131-107

Голден Стејт – Њујорк 114-116.