Теута Арифи: Касами да не се занимава со мене, туку со Тетово


Поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи во гостување во Утрински брифинг изјави дека Биљал Касами треба да се занимава со Тетово, а не со неа. Ова доаѓа откако Касами објави список на имиња на лица кои биле ангажирани со договор на дело од Општината, а голем дел од нив воопшто не сработиле ништо. Според тврдењата на Касами на овој список имало над 800 лица, а дел од нив се во роднинска врска со Теута Арифи и кои воопшто не живеат во Тетово, односно се во Германија.

-Поради неспособноста да даде резултати се занимава со мене. Негова најголема заслуга во овие три месеци е укинувањето на велосипедските патики. Да укинете 6 километри велосипедски патеки во презагаден град не е добар потег. Второ достигнување му е замирање на штотуку започнатиот јавен превоз, а трето достигнување е поскапување на паркингот за кој во кампањата велеше дека ќе биде бесплатен, вели Арифи.