Министрите за транспорт, Бочварски и Сабев, во првиот лет од Софија до Скопје
Во првиот авион што денеска треба да летне на релацијата Софија – Скопје се и две државни делегации на чело со министрите за транспорт Николај Сабев и Благој Бочварски.
По слетувањето во Скопје ќе бидат соопштени деталите за идното функционирање на авиолинијата, која треба да стане редовна од идниот месец.
Авионското поврзување меѓу Скопје и Софија беше една од првите одлуки кои ги објавија премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков.