ЗОИ: Втор златен медал за Холанѓанката Шутен


Холандската натпреварувачка во брзо лизгање Ирене Шутен го освои денеска златниот медал на трката на 5.000 метри на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг и тоа со време на нов олимписки рекорд од 6:43:51 минута.

Ова е втор златен медал за Шутен во Пекинг, откако холандската олимпијка беше најбрза и на трката на 3.000 метри.

Среброто и припадна на Канаѓанката Изабел Вејдеман, која заостана 4.67 секунди, и за неа тоа е втор медал на Игрите во Пекинг по бронзата на 3.000 метри.

Место на подиумот на денешната трка имаше и за Мартина Сабликова од Чешка, која се закити со бронзата, заостанувајќи 6.58 секунди зад Шутен