Kовид-19 ја намалува вредноста на американскиот пасош, Македонија на 47.место


САД-Пандемијата предизвика значаен пад на вредноста на пасошот на САД се дознава од индексот на најпосакувани пасоши на Henley & Partners со кој се оценува слободата на движење на носителите на патни исправи. Во индексот, патната исправа на Северна Македонија е рангирана на 47. место и носителите на македонски пасош може да патуваат без виза во 124 …

Kовид-19 ја намалува вредноста на американскиот пасош, Македонија на 47.место Read More »

Од 5000 лица во изолација само 19 се пријавиле да гласаат


  Според евиденцијата на Државниот здравствен инспекторат околу 5.000 лица се наоѓаат во самоизолација во нашата држава, а само 19 од нив се пријавиле да гласаат во понеделник, ден кој што е резервиран за гласање за оние кои што се во изолација. Рокот за пријавување истекува утре на полноќ, но имајќи предвид дека во досегашниот …

Од 5000 лица во изолација само 19 се пријавиле да гласаат Read More »

Њујорк Тајмс: Во САД се уште има недостиг на тестови


САД – Со зголемувањето на бројот на случаи на Ковид-19 во САД, се покажа дека капацитетите за тестирање на коронавирусот во земјата сè уште не се доволни. Според Њујорк Тајмс, во некои американски градови вчера на тестирање се чекало со часови, а во Њу Орлеанс, каде што уште во зори се формирале редови, вратите на надлежната …

Њујорк Тајмс: Во САД се уште има недостиг на тестови Read More »

Во Босна и Херцеговина 160 новозаразени со Ковид-19 – тројца починати


  Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа забележани се нови 160 случаи на корона вирус, потврдија ентитетските здравствени институции. Изминатото деноноќие во Федерацијата БиХ тестирани се 962 примероци од кои 77 се позитивни на Ковид-19. Во република Српска пак направени се само 328 тестови. Во Федерацијата БиХ до сега тестирани се 62.184 луѓе, …

Во Босна и Херцеговина 160 новозаразени со Ковид-19 – тројца починати Read More »

ЕУ со нова испорака на 65.000 хируршки маски за Македонија, Црна Гора, Србија и Хрватска


Белгија– Европската Унија денеска со нова испорака на хируршки маски ФФП2 за четири балкански земји, Северна Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора преку механизмот РескЕУ за хуманитарна помош и управување со кризи, јави дописничката на МИА од Брисел. РескЕУ е посебен механизам за брза реакција во итни ситуации, кој на почетокот на кризата со коронавирусот …

ЕУ со нова испорака на 65.000 хируршки маски за Македонија, Црна Гора, Србија и Хрватска Read More »

Поради Ковид-19, при строги мерки, само 1000 луѓе на аџилак во Мека годинава


Саудиска Арабија– Саудиска Арабија ги соопшти мерките за заштита од коронавирусот за околу илјада верници на кои ќе им биде дозволено да одат на аџилак во јули во Мека. Како што беше соопштено денеска, верниците ќе можат да земаат исклучиво флаширана вода од бунарот Земзем во дворот на Големата џамија во Мека. За една од …

Поради Ковид-19, при строги мерки, само 1000 луѓе на аџилак во Мека годинава Read More »

Сменети локациите за гласање на 14 избирачки места во Штип


 Четиринаесет избирачки места во Штип не ги задоволуваат здравствените протоколи и затоа Државната изборна комисија пронајде други локации кои ги задоволуваат протоколите, со цел гласачите да го остварат своето право на глас на изборите на 15 јули.  Претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева, на денешната прес-конференција информираше дека до вчера за гласање на …

Сменети локациите за гласање на 14 избирачки места во Штип Read More »

Лукашенко бос на интервју


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко појде бос на интервју, односно по чорапи… Без чевли. Видеото е објавено на ТВ каналот Беларус 1. Гостувањето е по повод средбите на шефот на државата со рускиот претседател Владимир Путин. – Јас би ги почитувал оние кои чистат тука – ќе одам бос!, рече белорускиот претседател, обраќајќи им се …

Лукашенко бос на интервју Read More »

(Видео) Најтопол јуни во историјата на мерење во Сибир


  Се проценува дека во текот на минатиот месец за време на сибирските пожари во атмосферата се испуштени 59 мегатони јаглерод диоксид, соопштија научниците од Службата за надгледување на атмосферата Коперникус. Сибир инаку, е најстуденото место на Земјата, но во моментот се справува со масовни поќари и рекордно високи температури. Површинската емисија на јаглероден диоксид …

(Видео) Најтопол јуни во историјата на мерење во Сибир Read More »

За 2,5 години МЕПСО инвестираше 100 милиони евра во електро-енергетскиот преносен систем


Дел од средствата се обезбедени од самата компанија, дел од меѓународни финансиски институции   Подобрена доверливост и квалитет на напојувањето со електрична енергија и зголемена флексибилност во управувањето, а истовремено и намалување на ризиците од испади и дефекти и сведување на минимум на трошоците за одржување и експлоатација со постројката ќе се постигне со реконструкцијата …

За 2,5 години МЕПСО инвестираше 100 милиони евра во електро-енергетскиот преносен систем Read More »

Во јуни повисоки трошоците на живот и цените на мало


Трошоците на живот и цените на мало во јуни во однос на мај годинава се зголемени за 0,8 отсто, додека споредено со јуни лани бележат раст од 1,7 односно  0,2 процента, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни споредено со мај годинава е забележан кај свежото и …

Во јуни повисоки трошоците на живот и цените на мало Read More »

Корона кризата го намали извозот за 27,4 отсто во првите пет месеци годинава


Извозот на стоки од земјава од јануари до мај годинава бележи пад од 27,4 отсто во однос на тој период лани, а кај увозот е забележан пад од 22,9 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци вредноста на извозот во петте месеци изнесува 2.152.517 илјади американски долари, вредноста на увeзената стока, во истиот …

Корона кризата го намали извозот за 27,4 отсто во првите пет месеци годинава Read More »

Во Шведска се воведуваат построги правила за угостителските објекти


Во Шведска денеска стапија во сила построги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти поради новиот коронавирус. Минималната оддалеченот од еден метар помеѓу масите, што претходно беше препорака за баровите, кафулињата и рестораните од денеска е правило, а локалните власти ќе имаат право да го затворат објектот во кој не се …

Во Шведска се воведуваат построги правила за угостителските објекти Read More »

Три нови разговори на Јутуб меѓу Јанушев и Јанакиески


Во три нови разговори кои денеска беа објавени на Јутуб каналот од „Обнова на режимот“ се слуша како носителот на листа во третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески договараат исклучување на лифтови во згради додека граѓаните одат на гласање. Во една од разговорите се слуша …

Три нови разговори на Јутуб меѓу Јанушев и Јанакиески Read More »

На свадба во Сплит се заразиле 12 лица


  На свадбена веселба во околината на Сплит, Хрватска, деновиве, со корона вирус се заразиле 12 лица. „Според извештајот на Националниот штаб за јавно здравје од вкупно 166 обработени тестови од подрачјето на Сплитско-далматинската жупанија денеска се потврдени 14 новозаболени лица“, се вели во соопштението. Од нив 10 се од Сплит, по еден од Дугопоље, …

На свадба во Сплит се заразиле 12 лица Read More »

Економската криза во ЕУ ќе биде подлабока од очекуваното, вели ЕК


Европската комисија утрово ги објави летните економски проекции за земјите на ЕУ и за еврозоната, сликата е мрачна и се очекува длабока рецесија, јави дописничката на МИА од Брисел. -Економијата на ЕУ ќе искуси длабока рецесија оваа година поради пандемијата на коронавирусот, и покрај брзите и сеопфатни политички одговори на ЕУ и на национално ниво. …

Економската криза во ЕУ ќе биде подлабока од очекуваното, вели ЕК Read More »

Компанијата „Макпрогрес“ со поддршка на ЕБОР развива регионална академија и центар за иновации


Компанијата „Макпрогрес“ започна со проект за основање тренинг центар за обуки што ќе служи за потребите на Макпрогрес и на бизнис професионалците од регионот. Проектот е финансиран од Владата на Јапонија преку Фондот за Соработка со Европската банка за обнова и развој. Тренинг центарот, како што информираат од компанијата, ќе овозможи градење на менаџерските капацитети, …

Компанијата „Макпрогрес“ со поддршка на ЕБОР развива регионална академија и центар за иновации Read More »

Германија ќе го ограничи бројот на работни визи за Балканот


Германија наскоро ќе одлучува дали да ги продолжи правилата за вработување нискоквалификувана работна сила од Западен Балкан.Правилото беше воведено во 2016 година и се очекува да важи до крајот на оваа година. Иако сè уште нема официјални информации, германските медиуми тврдат дека правилото ќе биде продолжено, но дека ќе биде воведена годишна квота од 15.000 …

Германија ќе го ограничи бројот на работни визи за Балканот Read More »

Хрватска погодена од силно невреме – во Далмација ветар од 153 к/ч


Силно невреме синоќа и утрово погоди повеќе хрватски градови, при што е повредено едно лице, откако врз неговиот автомобил паднало дрво. Во Далмација ветерот дуваше со брзина од 153 километри на час, а и денеска во некои делови во сила е жолт и портокалов  аларм, а за Велебитскиот канал поради бурата објавен е црвен метеоаларм. …

Хрватска погодена од силно невреме – во Далмација ветар од 153 к/ч Read More »

Прашањето со царините за странските инвеститори ќе биде надминато, најави Царовска


Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска изјави дека во следниот период кога ќе се создадат законски услови, ќе биде надминато прашањето со царинските стапки за странските инвеститори. Одговарајќи на новинарско прашање, Царовска рече дека се водат разговори со Стопанската комора и оти во овој период нема законски можности да им се излезе во пресрет …

Прашањето со царините за странските инвеститори ќе биде надминато, најави Царовска Read More »