Лукашенко бос на интервју


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко појде бос на интервју, односно по чорапи… Без чевли. Видеото е објавено на ТВ каналот Беларус 1. Гостувањето е по повод средбите на шефот на државата со рускиот претседател Владимир Путин.

– Јас би ги почитувал оние кои чистат тука – ќе одам бос!, рече белорускиот претседател, обраќајќи им се на новинарите.

Новинарот Алексеј Кривошеев сведочи дека за време на сите интервјуа, па и она направено од него самиот, Лукашенко бил бос.

Некои од домаќините пак, овој потег го посочија како пример дека се работи за претседател – личност од народот.