(Видео) Најтопол јуни во историјата на мерење во Сибир


 

Се проценува дека во текот на минатиот месец за време на сибирските пожари во атмосферата се испуштени 59 мегатони јаглерод диоксид, соопштија научниците од Службата за надгледување на атмосферата Коперникус.

Сибир инаку, е најстуденото место на Земјата, но во моментот се справува со масовни поќари и рекордно високи температури.

Површинската емисија на јаглероден диоксид во јуни беше најголема на тоа подрачје во последните 18 години, пишува Си-ен-ен.

„Повисоките температури и сувиот период се идеални услови за развој на долготрајни пожари на поголеми подрачја“, рече Марк Перингтон од Службата за надгледување на атмосферата Коперникус.

Покрај разорните поќари, во Сибир минатиот месец забележан е најтоплиот јуни во историјата на мерењето. Температурите во некои региони беа и до 10 степени Целзиусови повисоки од просекот. Овој јуни беше, гледајќи го целиот Сибир, за пет степени потопол од просекот и за еден степен потопол во однос на истиот месец во 2018 и 2019 година.