Три нови разговори на Јутуб меѓу Јанушев и Јанакиески

Фото: Б. Грданоски

Во три нови разговори кои денеска беа објавени на Јутуб каналот од „Обнова на режимот“ се слуша како носителот на листа во третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев со поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески договараат исклучување на лифтови во згради додека граѓаните одат на гласање.

Во една од разговорите се слуша како Јанакиески го прашува Јанушев како е задоволен од изборите, а во друга „бомба“ пак двајцата соговорници договараат исклучување на струјата во одредени места во точно одредено време.