Од 5000 лица во изолација само 19 се пријавиле да гласаат


 

Според евиденцијата на Државниот здравствен инспекторат околу 5.000 лица се наоѓаат во самоизолација во нашата држава, а само 19 од нив се пријавиле да гласаат во понеделник, ден кој што е резервиран за гласање за оние кои што се во изолација.

Рокот за пријавување истекува утре на полноќ, но имајќи предвид дека во досегашниот период се пријавиле само 19 лица не се очекува овој број да се зголеми. Од 19 лица само 4 се од главниот град, а другите градови имаат по еден до двајца гласачи.