Германија ќе го ограничи бројот на работни визи за Балканот


Германија планира да го искорени јагленот до 2038 година и да се насочи кон обновливите извори за производство на електрична енергија

Германија наскоро ќе одлучува дали да ги продолжи правилата за вработување нискоквалификувана работна сила од Западен Балкан.Правилото беше воведено во 2016 година и се очекува да важи до крајот на оваа година.

Иако сè уште нема официјални информации, германските медиуми тврдат дека правилото ќе биде продолжено, но дека ќе биде воведена годишна квота од 15.000 работници од сите земји од Западен Балкан.

Како што велат во Сојузното министерство за труд, управувањето со миграцијата е можно со издавање на дозволи, односно визи, во согласност со потребите на пазарот на трудот, доколку за специфични работни места нема кандидати од Германија или други земји од ЕУ.

Според неодамна објавената статистика, минатиот месец Германија имала дури 600.000 повеќе невработени од претходната година. Сепак, многумина истакнуваат дека напорната физичка работа на градилиштето сè уште не привлекува значителен број Германци, и покрај зголемената невработеност, а токму тоа е браншата во која најчесто се вработуваат неквалификувани работници од Западен Балкан.

Покрај тоа, како што покажа германската студија, Западен Балкан има квалификувани занаетчии што и се потребни на Германија, а таа земја нема доволно такви луѓе – како ѕидари, водоводџии, електричари, столари.