Карено-Буста за медицинската пауза на Ѓоковиќ: Кога губи повикува доктор, ова го прави многу години


Шпанскиот тенисер Пабло Карено-Буста не можеше да се помири со поразот од Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос. Србинот победи со 3-1, иако го загуби првиот сет со 4:6. При водство на Карено-Буста, Србинот повика лекар на теренот затоа што чувствуваше болка во левата рака. „Не бев изненаден што тој побара пауза. Тоа значеше …

Карено-Буста за медицинската пауза на Ѓоковиќ: Кога губи повикува доктор, ова го прави многу години Read More »

Амбициозен план на Брисел за економски развој на регионот во наредните 5-6 години


Економскиот инвестициски план за Западен Балкан вреден девет милијарди евра претставен заедно со пакетот за проширување е потврда дека Брисел е посветен да го зајакне процесот на проширување, оцени еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вчера за време на посетата на Скопје. Вархеји кој лично го донесе и го презентираше Извештајот за реформскиот напредок на Македонија и Економскиот …

Амбициозен план на Брисел за економски развој на регионот во наредните 5-6 години Read More »

Инспекторите ќе можат да затвораат објекти, но и да изрекуваат глоби до 30.000 евра


Поголеми овластувања добиваат инспекциските служби за да се влијае на намалување на ширење на коронавирусот. Ова го овозможуваат измените што ги усвои Владата на седница на Законот за заштита на население од заразни болести. Усвоените измени ги опфаќаат и висината на глобата на прекршителите, кои ќе варираат зависно од големината на правниот субјект. Со овие …

Инспекторите ќе можат да затвораат објекти, но и да изрекуваат глоби до 30.000 евра Read More »

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 2.892, најмногу се во Скопје – 1.166


Нови, досега рекордни кај нас, 317 случаи со Ковид-19 од 1.990 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа.  Во болнички услови починати се четири пациенти и тоа еден од Скопје (59 г.), еден од Струга (65 г.), и двајца од Гостивар (71 г. и 76 г.). Регистрирани се …

Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 2.892, најмногу се во Скопје – 1.166 Read More »

Филхармонија со концерт „Поле за игра“ и настап на казахстанската виолинистка Мусахоџаева


Оркестарот на Филхармонијата вечер ќе одржи концерт насловен „Поле за игра“ на кој како солист ќе настапи виолинистката Ајман Мусахоџаева од Казахстан. Диригент е Сашо Татарчевски, а на програмата се концертот за виолина и оркестар од Менделсон и Симфонијата број 96 „Чудо“ од Хајдн. Виолинистката Мусахоџаева, како што информираат од Филхармонијата, е на листата на …

Филхармонија со концерт „Поле за игра“ и настап на казахстанската виолинистка Мусахоџаева Read More »

Облачно со повремен дожд и засилен ветер


Времето претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намалува. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во Пелагонија, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 8 до 17 степени, а дневната од 13 до 21 степен. …

Облачно со повремен дожд и засилен ветер Read More »

Трамп: „Вирусот беше благослов од господ“


Претседателот на САД, Доналд Трамп, се врати во Овалниот кабинет, помалку од една недела откако објави дека има позитивен тест за Ковид-19. Претседателот се уште може да биде заразен, а вработените во Белата куќа кои доаѓаат во близина на претседателот мора да носат целосна опрема за лична заштита. Портпарол на Белата куќа го потврди враќањето …

Трамп: „Вирусот беше благослов од господ“ Read More »

Во моментов се разговара за 3 милијарди странски инвестиции, вели Заев


Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека во моментов се преговара за три милијарди странски инвестиции, но дека тој би бил среќен да се оствари и 10 отсто од нив – што значи 300 милиони евра. Тоа би било 2,7 отсто од БДП, рече Заев во гостувањето во емисијата „кономски магазин“ на Алсат. За него е …

Во моментов се разговара за 3 милијарди странски инвестиции, вели Заев Read More »

Франција и Германија го заоструваат ставот: побараа санкции од ЕУ за Русија околу труењето на Навални


Франција и Германија во средата соопштија дека ќе предложат санкции на Европската унија против руски лица, откако не добија веродостојни одговори од Москва во врска со труењето на критичарот на Кремљ Алексеј Навални со нервен агенс. Неколку западни влади изјавија дека Русија, која ги негираше обвинувањата на Навални дека учествувала во неговото труење со во …

Франција и Германија го заоструваат ставот: побараа санкции од ЕУ за Русија околу труењето на Навални Read More »

Второоделенец од Подареш позитивен на Ковид-19, соучениците во изолација


Седумгодишен ученик од второ одделение од основното училиште „Коста Рацин“ во радовишкото село Подареш е позитивен на Kовид-19. Десетина деца од неговата паралелка ќе бидат ставени во изолација, објави Сител. Директорката на Центарот за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова ја потврди информацијата. „Останатите ученици од прво и од трето одделение, кои посетуваат настава во …

Второоделенец од Подареш позитивен на Ковид-19, соучениците во изолација Read More »

Д-р Пановски предупреди дека бројките може да одат и над 1.000 случаи дневно


Доктор Никола Пановски вечерва за Канал 5 напомена дека воопшто не би требало да не чуди ако бројките на новозаразени се искачат и над 1.000 случаи на дневно ниво. Тој додаде дека ако се продолжи со непочитување на мерките, ќе треба да се размисли за повторно воведување на полициски час и останати забрани за движење. …

Д-р Пановски предупреди дека бројките може да одат и над 1.000 случаи дневно Read More »

Османи: Прашањата за државните атрибути се решени со Договорот за добрососедство и со Преспанскиот договор


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој во петок ќе престојува во Софија и ќе се сретне со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, во однос на ставовите на Софија за идентитетските прашања вечерва изјави дека нашата позиција е оти преговарачката рамка не треба да биде платформа за решавање на билатералните прашања, бидејќи за тоа постои …

Османи: Прашањата за државните атрибути се решени со Договорот за добрососедство и со Преспанскиот договор Read More »

Светска банка: Во екстремна сиромаштија може да потпаднат 150 милиони луѓе


Светска банка денеска соопшти дека поради пандемијата на коронавирус 150 милиони луѓе може да потпаднат во екстремна сиромаштија до крајот на 2021 година, со што ќе се поништи напредокот во намалувањето на сиромаштијата во последните три години. Банката во својот двегодишен извештај за сиромаштијата и заедничкиот просперитет наведе дека меѓу 88 и 115 милиони луѓе …

Светска банка: Во екстремна сиромаштија може да потпаднат 150 милиони луѓе Read More »

Потпишан Договор за фитосанитарна соработка со Албанија за непречена размена на земјоделски производи


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и министерот на Република Албанија Бледи Чучи го потпиша Договорот за фитосанитарна соработка. Со овој договор, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Северна Македонија и Албанија прават чекор напред во соработката меѓу двете земји во поле на размена на земјоделски производи. Министерот Арјанит Хоџа …

Потпишан Договор за фитосанитарна соработка со Албанија за непречена размена на земјоделски производи Read More »

Трамп го нарече Бајден „лудак“


Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој заостанува во анкетите на помалку од еден месец пред претседателските избори во САД, денеска го нарече „лудак“ својот противкандидат, демократот Џозеф Бајден. „Тој е луд со години и тоа го знаат сите“, објави Трамп на Твитер, додавајќи дека „медиумите се чувствуваат непријатно со него, а потоа се обидуваат да …

Трамп го нарече Бајден „лудак“ Read More »

Кавани може да дебитира против ПСЖ


Новото засилување на Манчестер јунајтед, Единсон Кавани нема да може да дебитира за „црвените ѓаволи“ на следниот натпревар во лигата, на кој тимот гостува кај Њукасл. Причината за ова е што Уругваецот нема да може да избега од задолжителниот карантин од 14 дена на кој се подложени оние што влегуваат од Франција во Велика Британија. …

Кавани може да дебитира против ПСЖ Read More »

Европарламентарците ја потврдија мини-реконструкцијата на Европската комисија


Европскиот парламент на пленарната седница во Брисел ја потврди мини-реконструкцијата на составот на Европската комисија поради заминувањето на ирскиот комесар Фил Хоган. Комесарот за трговија Хоган беше принуден да поднесе оставка на крајот на август поради кршење на епидемиолошките мерки што се во сила во Ирска, воведени за борба против коронавирусот. Неговиот ресор – трговија …

Европарламентарците ја потврдија мини-реконструкцијата на Европската комисија Read More »

Бројот на заразени од корона вирусот надмина 36 милиони лица, починаа над еден милион


Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 36.166.237 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.056.504 пациенти, а оздравеле 27.223.993 луѓе. Софија – Рекорден број нови случаи на коронавирус – 436 се регистрирани во Бугарија во последните 24 часа, а уште осум починаа, според официјалните податоци. Од почетокот на пандемијата, заразени се 22.306 лица, …

Бројот на заразени од корона вирусот надмина 36 милиони лица, починаа над еден милион Read More »

Под истрага 13 лица за даночно затајување, за пет лица предложени мерки на претпазливост


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 13 лица за кривични дела даночно затајување и злоупотреба на службената положба и овластување. Имено, за две лица истрага е поведена за кривично дело – Даночно затајување од член 279 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, петмина се осомничени за …

Под истрага 13 лица за даночно затајување, за пет лица предложени мерки на претпазливост Read More »

Аеродром и Центар со повеќе од 200 активни случаи


Со денешните рекордни 317 новодијагностицирани со Ковид-19, бројот на активни случаи во главниот град се искачи на 1.166. Од нив најголем дел се во Центар 21о, а веднаш зад него е Аеродром со 208 активни случаи. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини …

Аеродром и Центар со повеќе од 200 активни случаи Read More »