Д-р Пановски предупреди дека бројките може да одат и над 1.000 случаи дневно


Доктор Никола Пановски вечерва за Канал 5 напомена дека воопшто не би требало да не чуди ако бројките на новозаразени се искачат и над 1.000 случаи на дневно ниво.

Тој додаде дека ако се продолжи со непочитување на мерките, ќе треба да се размисли за повторно воведување на полициски час и останати забрани за движење.

„Рекордов ќе трае кратко. Брзо ќе биде соборен бидејќи, по мене, овие се некаде од петок-сабота. Сега ќе дојдат од сабота вечер-недела. Тие се тие денови на инкубација. Се јавуваат нови случаи. Па ќе дојдат случаи каде овие ги заразиле дома. Тоа ќе се шири. Ова е сериозен проблем и треба сите да се вклучат и власт и опозиција и верски лидери и доктори да ги убедат граѓаните да ги почитуваат мерките. Веќе ќе колабираме и економски“, вели д-р Пановски.