Второоделенец од Подареш позитивен на Ковид-19, соучениците во изолација


Илустрација

Седумгодишен ученик од второ одделение од основното училиште „Коста Рацин“ во радовишкото село Подареш е позитивен на Kовид-19. Десетина деца од неговата паралелка ќе бидат ставени во изолација, објави Сител.

Директорката на Центарот за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова ја потврди информацијата.

„Останатите ученици од прво и од трето одделение, кои посетуваат настава во ова училиште не се ставаат во изолација, бидејќи според анкетата немале контакт со учениците од второ одделение“, вели Димитрова.

Според неа, попладнево во консултација со епидемиолог во Радовиш ја донесле одлуката за соучениците кои имале контакт со детето да бидат ставени во изолација.