Шахтјор го шокира Реал среде Мадрид


Украински Шахтјор го победи шпанскиот великан и повеќратен европски првак, Реал среде Мадрид со 3:2. Уште поневеројатен беше резултатот по првите 45 минути во првото коло од Лигата на шампионите, кога Реал Мадрид губеше со три гола разлика, за на крајот да успее само да го ублажи поразот, иако имаше шанси и за пресврт. Во …

Шахтјор го шокира Реал среде Мадрид Read More »

Почина волонтер што прими вакцина на Оксфорд и АстраЗенека


Бразилските здравствени служби денеска соопштија дека починал волонтер кој учествувал во програмата за развој на вакцини на британско-шведската компанија Астра Зенека и Универзитетот  Оксфорд. Бразилскиот здравствен регулатор Анвис објави дека развојот на вакцината ќе продолжи и покрај смртта на волонтерот. Анвиса не соопшти други детали за причините за неговата смрт. Федералниот Универзитет во Сао Паоло …

Почина волонтер што прими вакцина на Оксфорд и АстраЗенека Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира и на Денот на ВМРО


Нa 23 октомври -Денот на македонската револуционерна борба и на денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест со автомобили. Протестот, како што наведуваат, ќе биде против мафијата, за правдата и слободите. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека протестот в петок ќе започне во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, …

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира и на Денот на ВМРО Read More »

Повеќе од 120 европски компании ќе бидат на удар на американските санкции за „Северен поток-2“ 


 Управувачката компанија за изградба на рускиот гасовод кој треба да се протега од Русија до Германија под Балтичкото Море, „Норд стрим 2 АГ“, изброја 120 компании кои ќе бидат на удар на санкциите на САД.  -Секоја закана со примен на санкции против проектот „Северен поток-2“, врши влијание на цела низа западни изведувачи и инвеститори. Ако …

Повеќе од 120 европски компании ќе бидат на удар на американските санкции за „Северен поток-2“  Read More »

Бабиш: Без нови мерки здравството на Чешка ќе пропадне меѓу 7 и 11 ноември


Нови ограничувања во борбата против пандемијата на новиот коронавирус соопшти чешката Влада, вклучително и ограничувањата на слободното движење, откако серијата претходни рестриктивни мерки не успеаја да го забават наглиот пораст на бројот на нови инфекции. Чешкиот премиер Андреј Бабиш се извини за мерките, но исто така рече дека, доколку не бидат преземени, чешкиот здравствен систем …

Бабиш: Без нови мерки здравството на Чешка ќе пропадне меѓу 7 и 11 ноември Read More »

Скопје и натаму најголемо жариште, Аеродром на врвот по активни случаи


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на коронавирус, додека пак само на територија на Скопје има 325. Активни случаи по општини во Скопје: Аеродром – 592 Карпош – 479 Центар – 476 Гази Баба – 353 Кисела Вода – 332 Ѓорче Петров …

Скопје и натаму најголемо жариште, Аеродром на врвот по активни случаи Read More »

Коронавирусот галопира на Балканот, државите уриваат рекорди


Најсериозна е ситуацијата во Словенија, Хрватска и во БиХ, каде заразата се шири со галопирачки размери. Земјите од регионот воведуваат полициски час и рестрикции. Дали тоа ќе биде доволно во борбата против Ковид-19? На Европа и се заканува ново затворање и ригорозни мерки за заштита, откако бројот на заразени со Ковид-19 почна да расте со …

Коронавирусот галопира на Балканот, државите уриваат рекорди Read More »

Германскиот министер за здравство заразен со корона вирус


  Германскиот министер за здравство Јенс Шпан (40) позитивен е на корона вирус, потврди денеска Министерството. Шпан е во карантин откако дозна дека е позитивен, пренесе Ројтерс. Шпан се тестираше на вирусот, затоа што неколку дена имал симптоми слични на настинка, а дека е заболен од Ковид-19 известени се сите негови контакти.

Приведен маж од Албанија, баран од Интерпол


– МВР информира дека денеска, во 13.10 часот, на граничниот премин Ќафасан приведен е М.М. (42) од Република Албанија затоа што се барал со потерница од Интерпол-Италија. Лицето е спроведено до Полициската станица Струга за натамошна постапка, соопштува министерството.

Раст на депозитите и на кредитирањето во септември


Во септември годинава е регистриран раст на вкупните депозити во банките, како и на кредитирањето на граѓаните и на компаниите, соопшти Народната банка. Вкупните депозити во септември бележат месечен раст од 0,7 отсто. Растот е одраз на зголемувањето на депозитите кај секторот „домаќинства“ со умерен раст и на депозитите на корпоративнито сектор, велат од НБ. …

Раст на депозитите и на кредитирањето во септември Read More »

Уште еден црн биланс: Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица


Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, Тетово-25, Струга-5, Велес-10, Битола-14, Охрид-10, Кавадарци-25, Гостивар-11, Гевгелија-20, Струмица-24, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-3, …

Уште еден црн биланс: Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица Read More »

„Пејпал“ воведува услуга за плаќање со криптовалути


Американската компанија за дигитално плаќање PayPal Holdings соопшти денеска дека на клиентите ќе им понуди услуга за купување, продавање и држење биткоин и други виртуелни пари што ќе можат да ги користат за плаќање во продавниците. Сопствениците на сметки во САД ќе можат да купуваат, продаваат и држат криптовалути во своите паричници во PayPal веќе …

„Пејпал“ воведува услуга за плаќање со криптовалути Read More »

Сообраќајка на патот Тетово-Гостивар, повредени две лица, сообраќајот се пренасочува 


Две лица се повредени во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Гостивар по излетување на возило од коловозната лента. Соообраќајката се случила околу 15 часот и 20 минути на автопатот во близина на клучката за Жеровјане, поради што во прекин е сообраќајот и и возилата се пренасочуваат по околните патиша. – Патничко моторно возило „фокус“ со гостиварски …

Сообраќајка на патот Тетово-Гостивар, повредени две лица, сообраќајот се пренасочува  Read More »

Никој во ЕУ не ја поддржува Бугарија за блокадата


За прв пат денеска темата за преговарачката рамка за Северна Македонија се најде на дневен ред на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, откако неколку недели се пеглаа ставовите на експертско ниво, јави дописничката на МИА од Брисел. Дискусијата за проширувањето траела речиси два часа, бугарскиот амбасадор најдолго зборувал, пренесуваат дипломатски извори за МИА. Тој …

Никој во ЕУ не ја поддржува Бугарија за блокадата Read More »

Ерменскиот премиер не гледа веќе можност за дипломатија и повика Ерменците да земат оружје в раце


Ерменскиот премиер Никол Пашињан се откажува од претходните повици за дипломатско решавање на конфликтот со Азербејџан околу спорниот регион Нагорно Карабах. Најжестоките борби меѓу земјите траат речиси еден месец. – За конфликтот околу Нагорно Карабах нема да има дипломатско решение долго време, изјави тој во видео порака на Фејсбук, обвинувајќи дека Азербејџан не е неподготвен …

Ерменскиот премиер не гледа веќе можност за дипломатија и повика Ерменците да земат оружје в раце Read More »

Потполна блокада на Велс: Туристите да ја напуштат земјата


  Бројот новозаразени во Европа рапидно расте, па некои земји одлучија да ги замолат туристите да се вратат дома. Бројките во некои земји се многу повисоки од оние во првиот бран од пандемијата, па многу земји со желба да го спречат ширењето на инфекцијата, се одлучија на многу ригорозни мерки. Словенија воведе вонредна состојба и …

Потполна блокада на Велс: Туристите да ја напуштат земјата Read More »

Стефоска назначена за претседателка на комисијата за УНЕСКО


Министерката за култура Ирена Стефоска е назначена за претседателка на националната комисија за УНЕСКО. – Владата донесе решение за измена и дополнување на решението за именување претседател, генерален секретар и членови на Националната комисија за УНЕСКО на Македонија, при што за претседателка на Комисијата е назначена министерката за култура Ирена Стефоска – информира владата. Таа …

Стефоска назначена за претседателка на комисијата за УНЕСКО Read More »

(Видео) Неидентификувано лице нападна банка во Грузија и зеде 20 лица за заложници


Неидентификуван напаѓач зеде 20 луѓе за заложници во експозитура на Банката во Грузија во Тбилиси. Нападот е извршен во филијала на Банка на Грузија во градот Зугдиди, соопшти полицијата. Се водат преговори со напаѓачот. Според локални медиуми тој побарал половона милион долари. Напаѓачот е со маска и маскирна униформа. За своето барање, тој им дал …

(Видео) Неидентификувано лице нападна банка во Грузија и зеде 20 лица за заложници Read More »

Прв состанок на групата за реформи на основното образование


Почна да работи групата која ќе ги прави реформите во основното образование. Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа прв состанок со претставници на групата во која се вклучени вработени во Бирото за развој на образованието, универзитетски професори, наставници од основното образование, УНИЦЕФ и од Македонскиот центар за граѓанско образование. Како што информира …

Прв состанок на групата за реформи на основното образование Read More »

„Економист“: Бајден има 93 отсто шанси за победа на изборите за претседател во САД


Англија –  Економист му дава 93 проценти шанса на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден да победи на претседателските избори на 3 ноември. Магазинот ја ажурираше својата прогноза дека Бајден има 93 отсто шанси да освои најмалку 270 гласови во Изборниот колеџ. Прогнозираат дека ќе добие 421 глас во Изборниот колеџ, што би значело победа во битката …

„Економист“: Бајден има 93 отсто шанси за победа на изборите за претседател во САД Read More »