Шахтјор го шокира Реал среде Мадрид


Украински Шахтјор го победи шпанскиот великан и повеќратен европски првак, Реал среде Мадрид со 3:2.

Уште поневеројатен беше резултатот по првите 45 минути во првото коло од Лигата на шампионите, кога Реал Мадрид губеше со три гола разлика, за на крајот да успее само да го ублажи поразот, иако имаше шанси и за пресврт.

Во сите три наврати одбраната на „кралскиот клуб“ реагираше лошо, додека играчите на Шахтјор ги искористија сите тие пропусти и на полувреме имаа 3:0.

Впечатокот само делумно го подобри Лука Модриќ во 54. минута, а потоа Винисиус Џуниор кој направи вистинско чудо, бидејќи само што влезе, украде една топка од противничките играчи и за осум секунди даде гол за 3:2.
Вистинска драма се одигра и на самиот крај од натпреварот, кога Федерико Валверде постигна одличен погодок во продолжението, но кој беше поништен по гледањето на ВАР видеото поради офсајд. Српскиот судија Срѓан Јовановиќ утврди дека Марко Асенсио, кој беше во офсајд пред голот на Шахтјор, влијаеше на играта, односно на реакцијата на голманот на Шахтјор.