Прв состанок на групата за реформи на основното образование


Почна да работи групата која ќе ги прави реформите во основното образование. Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска одржа прв состанок со претставници на групата во која се вклучени вработени во Бирото за развој на образованието, универзитетски професори, наставници од основното образование, УНИЦЕФ и од Македонскиот центар за граѓанско образование.

Како што информира МОН, на состанокот Царовска нагласи дека нејзина и заложба на Владата е обезбедување квалитетно образование за сите деца.

– Планот е да создадеме образование достапно на сите, образование кое ќе создава граѓани кои ќе размислуваат логички и критички и ќе донесуваат заклучоци базирани на факти и анализи. Во фокусот на реформата ќе бидат учениците, како и наставниците кои треба да бидат поддршка во учењето на децата, истакна Царовска.