Повеќе од 120 европски компании ќе бидат на удар на американските санкции за „Северен поток-2“ 

 Управувачката компанија за изградба на рускиот гасовод кој треба да се протега од Русија до Германија под Балтичкото Море, „Норд стрим 2 АГ“, изброја 120 компании кои ќе бидат на удар на санкциите на САД. 

-Секоја закана со примен на санкции против проектот „Северен поток-2“, врши влијание на цела низа западни изведувачи и инвеститори. Ако санкциите стапат во сила, тие ќе ударат по повеќе од 120 компании од 12 земји во Европа, се вели во денешниот соопштение за јавноста на „Норд стрим 2 АГ“. 

Американскиот Стејт департмент синоќа воведе нови санкции против компаниите кои даваат услуги, стоки или финансирање за модернизација или инсталација на опрема на пловилата кои ќе работат на гасоводниот проект. 

Во Вашингтон, гасоводот го гледаат како инструмент за ширење на злонамерното влијание на Русија во Европа и закана за диверсифицираниот енергетски пазар на ЕУ.