Германскиот министер за здравство заразен со корона вирус

 

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан (40) позитивен е на корона вирус, потврди денеска Министерството.

Шпан е во карантин откако дозна дека е позитивен, пренесе Ројтерс.

Шпан се тестираше на вирусот, затоа што неколку дена имал симптоми слични на настинка, а дека е заболен од Ковид-19 известени се сите негови контакти.