Владата денес ќе има седница


 Владата на Република Северна Македонија, денеска, преку видео-конференциска интернет комуникација со почеток во 12:30 часот ќе ја одржи редовната 16-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните. Како што е најавено, на предлог на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни …

Владата денес ќе има седница Read More »

НЛБ Банка најдобра банка за „Поврат на капитал“ според магазинот „Finance Central Europe“


НЛБ Банка годинава се најде на врвот на листата за Најдобра банка во Северна Македонија во категорија „Поврат на капитал“ според финансискиот магазин „Finance Central Europe”. „Finance Central Europe“, e реномиран финансиски магазин кој веќе 21-ва година по ред успешно ги рангира банките во регионот на Југоисточна Европа според повеќе криериуми. Наградите од Finance Central …

НЛБ Банка најдобра банка за „Поврат на капитал“ според магазинот „Finance Central Europe“ Read More »

Кому и колку должи Доналд Трамп?


Колку пари должи американскиот претседател Доналд Трамп на различни фронтови? Проценките велат не помалку од 1,1 милијарда долари. Сепак, практично целиот долг, во согласност со обелоденувањата на неговите власти и разни документи, е поддржан од реален имот, претежно поврзан со разни згради и голф-програми кои се јадрото на империјата на Трамп. Околу 900 милиони долари …

Кому и колку должи Доналд Трамп? Read More »

ИЈЗ ќе прави до 1.000 тестирања дневно, 150 повеќе од досегашните


Покрај постојното приемно одделение, во Институтот за јавно здравје од денеска ќе функционира уште едно одделение за прием, со лаборант и администратор, со што ќе се забрза процедурата за земање тестови за КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство, наведувајќи дека  приемното одделение ќе се растовари зашто пациентите кои доаѓаат за тестирање ќе бидат распределени на два …

ИЈЗ ќе прави до 1.000 тестирања дневно, 150 повеќе од досегашните Read More »

Дваесет и шестгодишник тешко повреден при работа во Зелениково


Дваесет и шестгодишник И.Л. од селото Смесница вчера бил однесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ откако се здобил со тешки телесни повреди при работа во селото Зелениково. На местото на настанот излегле полициски службеници од Полициска станица Драчево. Известен е и трудов инспектор.

Потпретседателот на Европската комисија, Схинас позитивен на Ковид-19


Потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас, на Твитер, соопшти дека е позитивен на Ковид-19. – Штотуку дознав дека мојот редовно закажан тест за Ковид-19, пред Колеџот на комесари, е позитивен. Отсега ќе бидам во самоизолација како што е правилото, останете безбедни, твитна Схинас. Еврокомесарите се тестираат за Ковид-19 пред секоја редовна средба на Колеџот која …

Потпретседателот на Европската комисија, Схинас позитивен на Ковид-19 Read More »

Макрадули ќе биде директор на Македонски пошти, Жерновски на железници?


Поранешниот градоначалник на општина Центар, и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, ќе биде директор на ЈП за Железничка инфраструктура, дознава ТВ21. Во моментов со претпријатието раководи Фестим Халили, кадар на ДУИ. Се очекува следните недели Владата да го предложи на УО, а потоа Жерновски да биде избран за нов директор на МЖ инфраструктура. …

Макрадули ќе биде директор на Македонски пошти, Жерновски на железници? Read More »

Зекири, Лукаревска и Кадрија поднесоа оставки


Пратениците Мухамед Зекири и Сања Лукаревска од редовите на СДСМ и Бајрам Кадрија од ДУИ поднесоа оставки во Собранието, дознава Телевизија 24. Тројцата ќе бидат именувани на директорски позиции. Зекири преминува во Фондот за здравство, Лукаревска во УЈП, додека, пак, Кадрија во АЕК. На денешната собраниска седница, освен нивните оставки ќе биде констатирана и оставката …

Зекири, Лукаревска и Кадрија поднесоа оставки Read More »

ПСЖ го сака Зидан за тренер


Раководството на Пари Сен-Жермен е заинтересирано да го покани Зинедин Зидан на функцијата главен тренер. Претставници од парискиот клуб веќе го контактирале тренерот на Реал Мадрид. Средбите се случиле во последните неколку недели, објави „Okdiario“. Четириесет и осумгодишниот Зидан се врати на својата позиција како главен тренер на Реал во 2019 година и веќе следната …

ПСЖ го сака Зидан за тренер Read More »

Јужна Кореја забележа економски раст од 1,9 отсто во третиот квартал


Економијата на Јужна Кореја забележа пораст во третиот квартал од годинава, надминувајќи го падот предизвикан од Ковид-19 кога главните трговски партнери на земјата почнаа да ги укинуваат ограничувањата воведени поради пандемијата. Четвртата по големина азиска економија се зголемила за 1,9 отсто во последниот квартал во однос на претходните три месеци, соопшти денеска Банка на Кореја, …

Јужна Кореја забележа економски раст од 1,9 отсто во третиот квартал Read More »

Словенија ќе субвенционира авио-компании за летови од Љубљана до големи европски аеродроми


Словенечката влада нуди вкупно пет милиони евра субвенции за комерцијалните авиокомпании, кои ќе бидат подготвени да обезбедат најмалку две линии неделно следната сезона за поврзување на Љубљана со другите големи европски аеродроми. Заинтересираните авиопревозници мораат да се пријават на јавен повик, објавен вчера во Службен весник на Словенија, преку кој владата со финансиски стимуланси овозможува …

Словенија ќе субвенционира авио-компании за летови од Љубљана до големи европски аеродроми Read More »

Европа пред затворање – Французите очекуваат 100.000, Меркел вели – вака не може


Низа држави во Европа се на раб на затворање, поради константниот пораст на бројот новозаразени со корона вирус. „Локдаун“ веќе е воведен во Белгија, Ирска и во Велс. Исто така, вонредна состојба е прогласена во Шпанија и во Италија, додека полициски час има во италија и во Чешка. Пред губење на контролата е и Германија, …

Европа пред затворање – Французите очекуваат 100.000, Меркел вели – вака не може Read More »

Во третиот квартал економијата со знаци на постепено закрепнување, оцени Народната банка


Влијанието на зравствената криза врз економската активност во третиот квартал е поумерено, покажуваат податоците со кои располага Народната банка, кои упатуваат и на постепено закрепнување на економијата. -Согласно со објавените проценети податоци за БДП, во првата половина од 2020 година реалниот БДП се намали за 6,4 отсто на годишна основа, што е сепак малку послабо …

Во третиот квартал економијата со знаци на постепено закрепнување, оцени Народната банка Read More »

Заразени под еден отсто од учениците и професорите, наставата не е загрозена


Мистерството за образование и наука информира дека наставата продолжува да се одвива непречено и дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со КОВИД-19. Согласно со овие податоци, наведува МОН, може да се заклучи дека протоколите се ефикасни во намалување на ризиците за ширење на вирусот. – …

Заразени под еден отсто од учениците и професорите, наставата не е загрозена Read More »

Рекордни 2.243 новозаразени лица во Бугарија


Во Бугарија во изминатите 24 часа се потврдени нови 2.243 случаи на заразени со корона вирус, од направени 7.659 тестирања, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата. Во изминатото деноноќие починале 42 лица. Најголем број од новозаразените се во Софија – 913. Меѓу инфицираните со Ковид-19 во земјата се наоѓаат и 1.948 лекари. …

Рекордни 2.243 новозаразени лица во Бугарија Read More »

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче, СДСМ им порачува дека се опасни за јавното здравје


ВМРО-ДПМНЕ и денес излезе со соопштение во кое обвини дека министерот за здравство Венко Филипче потфрлил бидејќи секој трети тестиран во Македонија вчера имал Ковид. Ваквото обвинување дојде во пресрет на денешната расправа во Собранието за Законот за заштита на јавното здравје за кој ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да го гласа, но ќе обезбеди кворум, …

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Филипче, СДСМ им порачува дека се опасни за јавното здравје Read More »

МОН: Заразени под 1 отсто од учениците и кадарот, протоколите се ефикасни


Министерството за образование и наука информира дека наставата продолжува да се одвива непречено, следејќи ја веќе утврдената динамика и организација. Помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со Ковид-19 и согласно со овие податоци, наведува МОН, може да се заклучи дека протоколите се ефикасни во намалување на …

МОН: Заразени под 1 отсто од учениците и кадарот, протоколите се ефикасни Read More »

Оливер Спасовски позитивен на корона вирус


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, објави дека има позитивен текст на корона вирусот и дека веќе е во домашна изолација. „Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за …

Оливер Спасовски позитивен на корона вирус Read More »

Луѓето од овие три земји најмногу се збогатиле во 2020 година


Годината 2020 е тешка во многу аспекти – и за здравствениот систем, и за економијата, како и на политичкиот план. И покрај тоа, богатството на возрасните во три неочекувани земји во светот се зголеми за околу 10 отсто во последните месеци. Станува збор за Филипините, Египет и Бангладеш, кои имаат најголем пораст на богатството по …

Луѓето од овие три земји најмногу се збогатиле во 2020 година Read More »

Смртта ја раздели најстарата брачна двојка во светот по 79 години


Официјално најстарата брачна двојка во поновата историја на човештвото, се раздели по смртта на Хулио Цезар Мора Тапија на 110-годишна возраст во неговиот дом во Кито, Еквадор. Неговата сопруга Валдрамина Мекловија Квинтерос Рејес е се уште жива и има 104 години. Тие се венчале во 1941 година, а во август влегоа во Гинисовата книга на рекорди, …

Смртта ја раздели најстарата брачна двојка во светот по 79 години Read More »