НЛБ Банка најдобра банка за „Поврат на капитал“ според магазинот „Finance Central Europe“


НЛБ Банка годинава се најде на врвот на листата за Најдобра банка во Северна Македонија во категорија „Поврат на капитал“ според финансискиот магазин „Finance Central Europe”.

„Finance Central Europe“, e реномиран финансиски магазин кој веќе 21-ва година по ред успешно ги рангира банките во регионот на Југоисточна Европа според повеќе криериуми.

Наградите од Finance Central се врз основа на најточниот финансиски ранг, заснован врз независни ревидирани бројки и независни, професионални пресметки направени од страна на надворешни агенции за оценување и независни консултанти.

„Постојат многу фактори кои го одредуваат успешниот бизнис. Еден од тие фактори е повратот на капиталот за кој сметаме дека е важен сегмент од нашето работење и еден од факторите за идентификување на долгорочните успешни деловни активности. Ваквата награда претставува уште еден поттик да продолжиме со исто темпо на работа, со фокус кон нашите клиенти дури и во време на силни предизвици поради пандемијата со Ковид-19. Да се биде во друштво на најдобрите од банкарскиот сектор во Југоисточна Европа претставува голема чест и мотив посебно што НЛБ е Банка чие срце и припадност се овде, во овој регион, па ќе сториме сè што е во наша моќ за да ја одржиме оваа позиција и да излеземе во пресрет на потребите и барањата на клиентите“, изјавија од Банката.

НЛБ Банка АД Скопје e една од водечките банкарски институции во Република Северна Македонија со постојан тренд на пораст и континуирано позитивни резултати од нејзиното основање, па се до денес. Банката е членка на НЛБ Групацијата и претставува една од најголемите и најуспешни банки членки на Групација кoja работи со позитивни резултати и обезбедува висок поврат на инвестицијата.