Макрадули ќе биде директор на Македонски пошти, Жерновски на железници?

Поранешниот градоначалник на општина Центар, и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, ќе биде директор на ЈП за Железничка инфраструктура, дознава ТВ21.

Во моментов со претпријатието раководи Фестим Халили, кадар на ДУИ.

Се очекува следните недели Владата да го предложи на УО, а потоа Жерновски да биде избран за нов директор на МЖ инфраструктура.

ТВ21 информира дека и Јани Макрадули, којшто беше заменик министер за животна средина, и поранешен потпретседател на Собранието, во иднина ќе раководи со ЈП Македонски Пошти.

Досегашниот директор на ова претипријатие, Ејуп Рустеми, во иднина ќе раководи со ЈП државни патишта.