Најголемата љубов на Владо Јаневски, дојде, го виде, и си замина
Бројни љубови и врски (јавни и тајни) поминаа низ животот на поп-ѕвездата Владо Јаневски, кој во едно интервју изјави дека „ …Да, минатото ме направило ова што сум денес, но не чувствувам потреба да ги превртувам низ глава минатите години, минатите љубови и настани, освен можеби кога пишувам песна“.
Тага, болка и неверица: Погребан Владо Јаневски
Така беше. Владо Јаневски, кој не напушти неочекувано, без поздрав, на 65 години, ретко зборуваше за својот љубовен живот, но познато е дека една жена беше неговата најголема љубов. Познатиот чаирски романтичар долги години беше во врска со Вера Велевска, која му беше и менаџерка и се грижеше за неговата кариера. Нивната љубовна приказна траеше значаен период, а заеднички настапуваа и на јавни настани. Пред околу 15 години, Вера ја напушти Македонија и се пресели во Австралија.

Во Австралија, Вера Велевска се пресели поради нејзините деца, кои долго живеат таму, а таа замина да биде поблиску до нив, објавија медиумите во тоа време.
Владо Јаневски , а ниту таа никогаш потоа јавно не прозбореа за нивната врска и разделба, а на крајот од минатата година тој имаше настап во Сиднеј, каде што живее денес Елена.
Како што неофицијално дознаваме, пред смртта на Јаневски, на една од скопските клиники, Вера допатувала во Скопје, се виделе, и потоа таа се вратила во Австралија. (Л.С.)