Ејми Кони Берет положи заклетва за судија на Врховен суд на САД


Ејми Кони Берет положи заклетва за судија на Врховниот суд на САД, откако Сенатот ја потврди нејзината номинација со 52 гласа „за“ и 48 „против“. Републиканската сенаторка Сузан Колинс од Мејн е единствената која им се придружила на сите демократи во Сенатот, гласајќи против номинацијата на Берет. Таа изјавила дека не може да го даде …

Ејми Кони Берет положи заклетва за судија на Врховен суд на САД Read More »

Истражувачи тврдат: Цвеќињата ја менуваат бојата заради климатските промени


  Билните и животинските видови ширум планетата ги менуваат репродуктивните стратегии, живеалиштата и својот изглед за побрзо да се прилагодат на климатските промени, покажа новото истражување објавено во магазинот „Сегашна биологија“. Истражувањето покажува дека УВ пигментацијата во цвеќињата во последните 75 години се зголемува за два отсто секоја година. Тоа значи дека цвеќињата стануваат со …

Истражувачи тврдат: Цвеќињата ја менуваат бојата заради климатските промени Read More »

Разбојници во Германија ги украле посмртните останки на свети Волфганг


Разбојници украдоа 1.000 години стари посмртни останки од светец од среднвековната црква во Регенсбург на југот на Германија. Кражбата се случила само неколку дена оред Денот на светиот Волфганг 31 октомври. „Крадците ги украдоа останките од непробојно стакло и челична конструкција употребувајќи огромна сила. Нематеријалната штета е немерлива“, наведе црквата. Волфганг, кој умрел во 994 …

Разбојници во Германија ги украле посмртните останки на свети Волфганг Read More »

Германски печат: Идентитетските прашања повторно ја блокираат Македонија


„Дојче Веле“ ги пренесува пишувањата на германскиот печат за спорот меѓу Македонија и Бугарија кој се заканува да го блокира почетокот на пристапните преговори со ЕУ на Скопје. Зидојче Цајтунг денеска пишува дека Северна Македонија ќе може да ги започне преговорите со ЕУ само доколку признае дека нејзиниот јазик е дијалект на бугарскиот, а националните херои се Бугари. …

Германски печат: Идентитетските прашања повторно ја блокираат Македонија Read More »

(ВИДЕО) Проговори братот на еден од умрените во контејнерот во Парагвај


Алжирецот Мохамед Оухерхер, брат на Сидахмед Оухерхер – еден од седумте мртви лица кои се нашле во контејнерот на патот од Србија кон Парагвај, вели дека дестинацијата на „слепите патници“ требала да биде Италија, а не Јужна Америка. Мохамед за телевизијата „Бахо ла Лупа“ изјавил дека неговиот помлад брат детално го претставил својот план пред …

(ВИДЕО) Проговори братот на еден од умрените во контејнерот во Парагвај Read More »

Сопругата на ерменскиот премиер посетува воена обука, ќе оди на фронт


– Ана Хакобијан, сопругата на ерменскиот премиер Никол Пашињан, најави дека од денеска ќе посетува воена обука, заедно со уште 12 жени и ќе отиде во Нагорно-Карабах. – Одред од 13 жени, вклучително и мене, почнува воена обука. За неколку дена тргнуваме да помогнеме во заштита на нашите граници. Ниту нашата татковина ниту нашето достоинство …

Сопругата на ерменскиот премиер посетува воена обука, ќе оди на фронт Read More »

Британски научници: Имунитетот на корона вирус драстично паѓа по оздравувањето


Научниците од лондонскиот колеџ Империјал утврдија дека количината антитела на корона вирус во човечкиот организам драстично опаѓа по оздравувањето од заразата, а антителата се клучни за имунитет на кој и да е вирус. Истражувачите воочиле дека бројот на оние кои имаат антитела се намалил на 26 отсто од јуни до септември оваа година. Согласно тоа, …

Британски научници: Имунитетот на корона вирус драстично паѓа по оздравувањето Read More »

Емили Ратајковски за Вог потврди дека е бремена со првото дете


САД–Познатата американска манекенка Емили Ратајковски за списанието „Вог“ потврди дека е бремена, во шестиот месец, нагласувајќи оти не сакала тоа да го објави на социјалните мрежи. – Кога сопругот и јас им кажавме на пријателите дека сум бремена, првото прашање што ми го поставија, откако ми посакаа сѐ најдобро, беше – дали знам што сакам …

Емили Ратајковски за Вог потврди дека е бремена со првото дете Read More »

Доцни замрзнувањето на водата и создавањето мраз на Артикот


САД – Научниците предупредуваат дека поголемиот дел од Арктикот се уште не почнал да се замрзнува иако е крај на октомври. Засега тоа е најдоцен регистриран период во кој се уште не е создаден мраз. Климатскиот научник Захари Леби од Државниот универзитет Колорадо истакна дека Арктикот во моментот има најмало количество мраз за овој период.. – …

Доцни замрзнувањето на водата и создавањето мраз на Артикот Read More »

Барањата за апанажа на функционерите на кои им престанал мандатот на седница на матичната собраниска Комисија


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ги разгледува барањата за остварување  плата по престанок на функцијата на избраните и именувани лица од Собранието на Република Северна Македонија. На дневен ред на Комисијата е и Предлог – одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Протести во Италија поради мерките против Ковид-19


Италија – Во повеќе италијански градови се одржаа протести поради владините мерки против новиот коронавирус, а на неколку собири се случиле и судири меѓу демонстрантите и полицијата. Весникот „Република“ пишува дека ситуацијата во некои градови ескалирала, а за тоа значајно влијаеле екстремистички групи. Одделни демонстранти ја гаѓале полицијата со петарди и шишиња, а во Милано фрлале …

Протести во Италија поради мерките против Ковид-19 Read More »

Приштина разгледува нови мерки против Ковид-19, не е исклучено затворање на границите


Косово – Министерот за здравство на Косово Арменд Земај изјави дека надлежните власти во државата ги разгледуваат сите опции за соочување со новиот бран на пандемијата на Ковид-19, вклучително и враќањето на порестриктивните мерки кои беа во сила во одреден период од соочувањето со заразата, јави дописникот на МИА од Приштина. Земај во интервју за порталот …

Приштина разгледува нови мерки против Ковид-19, не е исклучено затворање на границите Read More »

Се отвора нов пункт за Кoвид-тестирање, измените на Законот за заштита од заразни болести пред пратениците


Утрово, во 7:30 часот, во близина на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, треба да биде отворено уште едно приемно одделение за правење КОВИД – тестови со што ќе се забрза процедурата на земање брисеви и ќе се намалат гужвите, како и редовите на чекање. Во текот на денот, пак, ќе се знае …

Се отвора нов пункт за Кoвид-тестирање, измените на Законот за заштита од заразни болести пред пратениците Read More »

Во Скопје оптимизам – има простор за постигнување решение со Софија, можни се допрецизирања на Договорот за добрососедство


Оптимистички очекувања во С. Македонија за почетокот на пристапните преговори со ЕУ на две недели од последниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел за усогласување на преговарачката рамка за земјава и од самитот во рамки на Берлинскиот процес со кој годинава копретседаваат Скопје и Софија. Министерот за надворешени работи Бујар Османи …

Во Скопје оптимизам – има простор за постигнување решение со Софија, можни се допрецизирања на Договорот за добрососедство Read More »

Дополнетиот ребаланс со амандмани во Собранието, дебата неделава, а наредната реализација на мерките


Ребалансот на Буџетот со вградени амандмани и од комисиската расправа во Собранието се очекува до наредната недела да биде усвоен и да почне имплементацијата на мерките од четвриот сет. Дополнетиот текст вчера на седница го усвои Владата и го испрати до Собранието, каде се очекува дебата на пленарна седница. -Дебата во собраниската Комисијата беше конструктивна. …

Дополнетиот ребаланс со амандмани во Собранието, дебата неделава, а наредната реализација на мерките Read More »

Евакуирани 60.000 луѓе поради шумски пожар во Калифорнија


САД – Поради шумскиот пожар евакуирани се 60.000 луѓе во јужна Калифорнија, а поради силниот ветер исклучена е електричната енергија во неколку стотици илјади домови за да се спречи кинење на далеководите и потенцијално нови пожари. Пожарот изби на брдото во близна на градот Ервајн, на околу 60 километри југоисточно од Лос Анџелес. Во Калиформија во …

Евакуирани 60.000 луѓе поради шумски пожар во Калифорнија Read More »

Царинската управа домаќин на третата годишна конференција за едношалтерски систем


Царинската управа на Република Северна Македонија во соработка со Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) и Светска банка денеска и утре ќе биде домаќин на третата годишна конференција за едношалтерски систем за размена на податоци. На конференцијата, како што соопшти Управата, ќе учествуваат претставници од земјите од Западен Балкан и меѓународните организации кои …

Царинската управа домаќин на третата годишна конференција за едношалтерски систем Read More »

Димитров во Париз по поддршка за првата меѓувладина конференција со ЕУ


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска и утре престојува во работна посета на Франција во, како што нагласуваат од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), исклучително важен момент за Северна Македонија во пресрет на дефинирањето на Преговарачката рамка која треба да ги инкорпорира елементите што произлегуваат од новата методологија за пристапни преговори, иницирана токму …

Димитров во Париз по поддршка за првата меѓувладина конференција со ЕУ Read More »

Почнува исплатата на октомвриските пензии


Oд денеска почнува етапната исплата на октомвриските  пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на …

Почнува исплатата на октомвриските пензии Read More »

Сончево со мала облачност и магла по котлините


Сончево време со мала доумерена облачност, во западните делови и магла наутро по одделни котлини, најавуваат за денеска во земјава од УХМР. Според најавите, ќе дува и слаб до  умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени. Во Скопје, …

Сончево со мала облачност и магла по котлините Read More »