Истражувачи тврдат: Цвеќињата ја менуваат бојата заради климатските промени

 

Билните и животинските видови ширум планетата ги менуваат репродуктивните стратегии, живеалиштата и својот изглед за побрзо да се прилагодат на климатските промени, покажа новото истражување објавено во магазинот „Сегашна биологија“.

Истражувањето покажува дека УВ пигментацијата во цвеќињата во последните 75 години се зголемува за два отсто секоја година. Тоа значи дека цвеќињата стануваат со потемни нијанси за да се заштитат од високите температури.

Цвеќињата на луѓето нема да им изгледаат поинаку затоа што не го гледаат УВ зрачењето, но за опрашувачите како пчели, скакулци, птици, пеперутки, муви, бубачки, лилјаци и колибри кои го пренесуваат поленот од еден цвет на друг и бараат шарено цвеќе на кое ќе слетаат, потемните цветови ќе бидат збунувачки.

„Опрашувачите ги привлекуваат ливчиња со рабови со помалку пигмент односно светло порабени и со потемна средина, токму како мета. Но, кога целиот цвет ќе стане потемен, може да промашат“, вели Метју Коски од американскиот Универзитет Клемсон.