Сончево со мала облачност и магла по котлините


Фото: Б. Грданоски

Сончево време со мала доумерена облачност, во западните делови и магла наутро по одделни котлини, најавуваат за денеска во земјава од УХМР. Според најавите, ќе дува и слаб до  умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево со услови за слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Во среда, особено во јужните делови, а во петок и сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.