Барањата за апанажа на функционерите на кои им престанал мандатот на седница на матичната собраниска Комисија


Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе ги разгледува барањата за остварување  плата по престанок на функцијата на избраните и именувани лица од Собранието на Република Северна Македонија.

На дневен ред на Комисијата е и Предлог – одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците.