ПСЖ го сака Зидан за тренер


Раководството на Пари Сен-Жермен е заинтересирано да го покани Зинедин Зидан на функцијата главен тренер.

Претставници од парискиот клуб веќе го контактирале тренерот на Реал Мадрид. Средбите се случиле во последните неколку недели, објави „Okdiario“.

Четириесет и осумгодишниот Зидан се врати на својата позиција како главен тренер на Реал во 2019 година и веќе следната година му донесе титула од шпанската Ла Лига.