Владата денес ќе има седница

Фото: Б. Грданоски

 Владата на Република Северна Македонија, денеска, преку видео-конференциска интернет комуникација со почеток во 12:30 часот ќе ја одржи редовната 16-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата Програма за работа и од интерес на граѓаните.

Како што е најавено, на предлог на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди, членовите на Владата на дневен ред за разгледување го имаат Извештајот за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе.

На оваа седница Владата ќе ја разгледа Програмата за работа на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија.

Од владината прес-служба соопштија дека на денешната седница, на предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата ќе ја разгледа и Информацијата за потребата од обезбедување дополнителни средства за Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светската банка.

За заклучоците и донесените одлуки на денешната 16-та Владина седница, стои во соопштението од владината прес-служба, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.