МЖСПП: Високата загаденост на Кичево денеска беше грешка


Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека високите вредности на ПМ 10 суспендираните честички кои пред кратко време се појавија на мерното место во Кичево се резултат на стабилизација на мерниот инструмент по настанат прекин со напојување со електрична енергија на тамошната Автоматска мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух, во периодот од 15 …

МЖСПП: Високата загаденост на Кичево денеска беше грешка Read More »

Дојче веле: Германија оди во едномесечен карантин


Потребно е да реагираме веднаш, изјави германската канцеларка Ангела Меркел додавајќи дека клучот за надминување на актуелната „многу сериозна“ ситуација со епидемијата на Ковид-19 е во намалување на контактите со ограничување на штетата врз економијата. Почнувајќи од понеделник, 2 ноември, приватните собири ќе бидат ограничени на 10 лица од најмногу две домаќинства. Рестораните, баровите, театрите, …

Дојче веле: Германија оди во едномесечен карантин Read More »

Србија доби нова влада, Ана Брнабиќ по втор пат премиерка


Со 227 гласа „за“ и пет „против“, пратениците во Собранието на Србија ја изгласаа новата Влада. Немаше воздржани, а 16 пратеници беа отсутни, јави дописникот на МИА од Белград. Мандатарот на новата српска Влада, Ана Брнабиќ во експозето со планот за работа на Владата и идните министри денеска посочи дека новата Влада на Србија ќе …

Србија доби нова влада, Ана Брнабиќ по втор пат премиерка Read More »

Собранието ја почна расправата за Законот за заштита од заразни болести


Собранието вечерва ја почна расправата за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести. Претходно, измените и дополнувањата на Законот доцна попладнево поминаа на собраниската Комисија за здравство. Министерот за здравство Венко Филипче, образложувајќи го законот, истакна дека новите измени произлегуваат од се поголемиот број регистрирани случаи и преполнување на болниците, …

Собранието ја почна расправата за Законот за заштита од заразни болести Read More »

Макрон објави: Франција од петок оди во карантин


Во обраќањето до нацијата францускиот претседател Емануел Макрон пред малку објави дека Франција од петок воведува заклучување на земјата поради брзиот раст на новите инфекции од Ковид-19. Макрон рече дека земјата треба да ја заштити својата економија, но стратегијата за имунитет на стадо ќе доведе до 400.000 смртни случаи во Франција. „Здравствениот систем нема да …

Макрон објави: Франција од петок оди во карантин Read More »

Денеска дури 870 нови случаи со корона, починаа 14 лица


Бројките стануваат сѐ полоши и полоши. Во последните 24 часа се направени 2.647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на Ковид-19 информира Министерството за здравсто. Според градови: – Скопје 422 – Куманово 28 – Дебар 10 – Штип 25 – Прилеп 28 – Тетово 64 – Струга 10 – Велес 38 – Битола 29 …

Денеска дури 870 нови случаи со корона, починаа 14 лица Read More »

Во Велика Британија 24.701 новозаразени, 310 починати


Според најновите владини податоци, Велика Британија регистрира 24.701 нов случај на корона вирус и 310 смртни случаи поврзани со Ковид-19. Бројот на нови случаи се зголеми во споредба со вчерашниот ден кога имаше 22.885, додека бројот на смртни случаи е помал во споредба со вчерашните 367. Од почетокот на пандемијата во Британија се регистрирани 942.275 случаи на …

Во Велика Британија 24.701 новозаразени, 310 починати Read More »

Захариева вели: Не бараме промена на уставот, но рамката за преговори нема да ја одобриме


Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Северна Македонија ги има сите гаранции да се применува во добра волја и од двете страни. Нам целта не ни е да ја блокираме, туку напротив, во изминатите 30 години сме ѝ помагале на Република Северна Македонија, изјави во интервју за БГНЕС шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева. „Договорот …

Захариева вели: Не бараме промена на уставот, но рамката за преговори нема да ја одобриме Read More »

Пановски: Ако немаме мерки, до декември би имале 10.000 мртви од Ковид-19


Во Македонија до декември би имале 10.000 мртви од Ковид-19, односно секој ден би имало по 100 погреби само од починати од корона вирус, предупредува професор доктор Никола Пановски, доколку нема мерки. „Ова црно сценарио е претпоставено, ако би пуштиле сè, ако немаме мерки и ако им кажеме на луѓето правете што сакате“, изјави д-р …

Пановски: Ако немаме мерки, до декември би имале 10.000 мртви од Ковид-19 Read More »

Повторно рекорден број нови случаи на Ковид-19 во Грција


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.547 нови случаи на Ковид-19, што претставува рекорден број на новозарзени за еден ден, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, починаа десет лица, а зголемување има и во бројот на хоспитализираните пациенти приклучени на апарати, шест …

Повторно рекорден број нови случаи на Ковид-19 во Грција Read More »

Во Италија рекордни нови 24.991 случаи на Ковид-19, починале 205 лица


Италија регистрира рекордни 24.991 новозаразени со корона вирусот во изминатите 24 часа, а уште 205 лица починале од Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова го урна вчерашниот црн рекорд кога беа евидентирани 21.994 нови случаи. Од почетокот на пандемијата во Италија од Ковид-19 починале вкупно 37.905 лица, а регистрирани се 589.766 заразени. Северниот регион Ломбардија и понатаму е …

Во Италија рекордни нови 24.991 случаи на Ковид-19, починале 205 лица Read More »

Во Албанија рекорд од 311 новозаразени со Ковид-19, подготвена трета ковид болница


Во последното деноноќие, во Албанија регистран е негативен рекорд од 311 новозаразени со Ковид-19 од 1.397 тестирани, што е 22,2 отсто од тестираните, јави дописничката на МИА од Тирана. И понатаму Тирана е главното жариште на болеста, каде се 100 од новозаразените, по што доаѓа Фиер со 66 и Драч со 32. -Во исто време …

Во Албанија рекорд од 311 новозаразени со Ковид-19, подготвена трета ковид болница Read More »

Ерик Клептон ја напишал „Лејла“ додека бил во врска со Пети Бојд


Кој: 18-годишен наградуван Греми музичар, Ерик Клептон (75) и модел и фотографот Пети Бојд (76). Како се сретнаа: Двајцата славни се запознаа додека Бојд беше мажена со пријател на Клептон, друго рок божество за кое можеби сте чуле: Џорџ Харисон. Легендата вели дека Клептон бил веднаш занесен со Бојд, до тој момент што кратко се …

Ерик Клептон ја напишал „Лејла“ додека бил во врска со Пети Бојд Read More »

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира против загадениот воздух


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за утревечер во 19 часот најави протест пред зградата на Владата, а ќе протестира и во Битола, Струмица, Тетово и Куманово. Во најавното соопштение за протестите партијата наведува дека наместо политиканство од страна на Владата потребни се одлуки. „Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот …

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестира против загадениот воздух Read More »

Димитров на сесија во францускиот Сенат


Клучните приоритети од ЕУ агендата за периодот што следи, предизвиците на евроинтегративниот пат, регионалните здравствени и политички случувања, заедничкиот геостратешки интерес за приближување на регионот кон ЕУ, беа темите на кои денеска во Париз вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров разговараше на сесијата во проширен состав во францускиот Сенат, со која што претседаваше Жан-Франсуа Рапен, …

Димитров на сесија во францускиот Сенат Read More »

РКЕ: Ако се прифатеа барањата на трговците, нафтените деривати ќе покапеа над два денари за литар


Со одлуката за густини и маржи на нафтените деривати објавена во Службен весник на 22 месецов се отсликува реалната состојба на пазарот на нафтени деривати и овозможува цените на нафтените деривати да ги штитат и интересите на потрошувачите и интересите на трговците, порачува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). -Доколку РКЕ постапеше по …

РКЕ: Ако се прифатеа барањата на трговците, нафтените деривати ќе покапеа над два денари за литар Read More »

Корона вирусот заигра во Битолскиот театар, одложени сите претстави


БИТОЛА – Нов кластер од ковид позитивни се шири во битолскиот Народен театар. Установата извести дека ги одложи сите претстави како и подготовката на новата премиера, бидејќи неколку вработени се позитивни на Ковид-19. „Почитувана наша публико, со жалење ве известуваме дека ни НТБ не остана имун на вирусот Ковид- 19. Веќе се изолирани неколку случаи …

Корона вирусот заигра во Битолскиот театар, одложени сите претстави Read More »

Гвен Стефани и Блејк Шелтон се свршија по пет години врска


САД– По пет години врска, поп-ѕвездата Гвен Стефани (51) и кантри-ѕвездата Блејк Шелтон (44) се свршија.Шелтон ја запроси пејачката денес, а таа на својот Инстаграм профил веднаш објави фотографија со прстен на раката. Двојката се запозна на снимањето на популарното шоу „Гласот“ во 2014 година, а веќе следната година започнаа да се забавуваат . Гвен …

Гвен Стефани и Блејк Шелтон се свршија по пет години врска Read More »

Кумановци позитивни на Ковид-19 не ги кажуваат контактите


Ковид-позитивните кумановци ги кријат контактите во последниве два месеца, за тестирање се чека од четири до пет дена, бидејќи има голем број ординации кои закажуваат преку „Мој Термин“, но резултатите во овој период стигнуваат за ден-два. За Куманово се очекува негативна епидемиолошка состојба во наредниот период, информираше на денешната седница на советот, епидемиологот д-р Јадранка Стаменковска одговарајќи на советнички …

Кумановци позитивни на Ковид-19 не ги кажуваат контактите Read More »

Студија: Од корона вирусот мозокот може да остари 10 години


Луѓето кои се опоравуваат од последиците од корона вирус можат да претрпат сериозно оштетување на мозочните функции, а во најлоши случаи може да се појави штета еквивалентна на нагло стареење на мозокот за десет години, предупредија денеска истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон Студијата сè уште не минала рецензија и е спроведена на 84.285 опоравени …

Студија: Од корона вирусот мозокот може да остари 10 години Read More »