Корона вирусот заигра во Битолскиот театар, одложени сите претстави


БИТОЛА – Нов кластер од ковид позитивни се шири во битолскиот Народен театар. Установата извести дека ги одложи сите претстави како и подготовката на новата премиера, бидејќи неколку вработени се позитивни на Ковид-19.

„Почитувана наша публико, со жалење ве известуваме дека ни НТБ не остана имун на вирусот Ковид- 19. Веќе се изолирани неколку случаи и во тоа име сакајќи да го заштитиме нашиот колектив, а секако и вас драга публико, претставите и работата на новата претстава се одложуваат за одредено време. Исто така, одговорно изјавуваме дека сите претстави, проби, промоции, концерти кои беа организирани во изминатитот период беа изведени под силни протоколи и по сите препишни мерки на заштита“, велат од Театарот, додавајќи дека им потребна поткрепа повеќе од кога кога било, зашто театарот без публика е безсмислен, пишуваат од Народен театар.

Вчера во Битола беа регистрирани рекордни 28 новозаболени , вкупната бројка на заболени се искачи на 578 од кои активно болни се дури 200, а меѓу нив и двегодишно дете. (А.Б.)