Повторно рекорден број нови случаи на Ковид-19 во Грција

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 1.547 нови случаи на Ковид-19, што претставува рекорден број на новозарзени за еден ден, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, починаа десет лица, а зголемување има и во бројот на хоспитализираните пациенти приклучени на апарати, шест повеќе од вчера, односно вкупно 108 лица.

Најголемиот број од новите случаи се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, 419 и во Солун- 384.

Вчера во Грција првпат беше регистриран четирицифрен број на новозаболени од корона вирусот, број што денеска дополнително е зголемен.