Анѓушев донира болнички кревети и медицински мебел за болницата „Св. Наум Охридски во Скопје“


Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје  денеска информира дека добила донација на медицинска опрема во болнички кревети и останат медицински мебел во висина од 1,5 милиони денари од Кочо Анѓушев за еден кат од одделот за абдоменална хирургија. -Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје со новонастанатата состојба со Ковид …

Анѓушев донира болнички кревети и медицински мебел за болницата „Св. Наум Охридски во Скопје“ Read More »

Три сценарија за кусок во Буџетот – од 700 милиони до 1,3 милијарди евра


Министерството за финасии има три основни сценарија – поволно, неповолно и најнеповолно за справување со последиците што ги предизвика коронавирусот во економијата, а најголемиот удар во сите се очекува во вториот квартал од годинава, најави денеска министерката за финасии Нина Ангеловска. „Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции,  да ги …

Три сценарија за кусок во Буџетот – од 700 милиони до 1,3 милијарди евра Read More »

Врнежи од снег до утре претпладне, до сабота наутро температурата под нула


Сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер ќе преовладува во текот на утрешниот ден. Претпладнето се уште ќе има повремени врнежи од снег во источните делови. Утринските температури до сабота во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под нула, но се очекува на места да се задржи снежната покривка. …

Врнежи од снег до утре претпладне, до сабота наутро температурата под нула Read More »

Во ГАК се третираат родилки позитивни на коронавирусот


Еден оддел на Гинеколошко-акушерската клиника (ГАК) во Скопје е изолиран за третман на заразени и суспектни случаи со Ковид-19, според строго утврдени протоколи, пишува Дојче веле. Родилки позитивни на коронавирусот се третираат во изолирано одделение на Универзитетската Гинеколошко-акушерска клиника (ГАК) во Скопје. Таа мерка е претходно донесена, веќе позната, и се спроведува според строго утврдени …

Во ГАК се третираат родилки позитивни на коронавирусот Read More »

Симболика во корона-криза: Дали Вилијам и Кејт се спремни за крал и кралица?


Англија- Изминативе месеци беа тешки за принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, но исто така беше период во кој тие покажаа зрелост дека можат да ја предводат британската монархија во корона-криза. Откако принцот Хари и Меган Маркл се повлекоа од кралските должности и се преселија во Лос Анџелес, неопходното повлекување и на кралицата Елизабета во замокот …

Симболика во корона-криза: Дали Вилијам и Кејт се спремни за крал и кралица? Read More »

Илијанчо Гаговски: Шпекулациите за опасност од 5Г мрежа се глупости и небулози без научна потврда


Глупости и небулози без никаква научна потврда се шпекулациите за опасноста од 5Г мрежа, вели поранешниот прв човек на канцеларијата на „Мајрософт“ во земјава и директор на „ПримАпс“, Илијанчо Гаговски, додавајќи дека оваа мрежа има нејонизирачко зрачење и не може лошо да влијае на здравјето на луѓето. – 5Г е петтата генерација, наследник на 4Г. …

Илијанчо Гаговски: Шпекулациите за опасност од 5Г мрежа се глупости и небулози без научна потврда Read More »

За 24 часа во државава нови 318 лица во изолација и самоизолација


Во изминатото деноноќие на територијата на нашата држава на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале изјава за самоизолација. Како што соопшти МВР, полицајците во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирале дека во два различни случаја, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во својот …

За 24 часа во државава нови 318 лица во изолација и самоизолација Read More »

Италија: „Биолошки бомби“ се домовите за нега каде се праќаат пациенти со Ковид 19


Италијанските лекари и синдикати предупредуваат дека владината политика да испраќа пациенти ослободени од болница, но сепак позитивни на корона вирусот во домовите за нега е како подготвување „биолошки бомби“. Со над 28.000 лица во болница, вклучувајќи повеќе од 4.000 на интензивна нега, креветите треба да бидат ослободени што е можно поскоро, а оние кои не …

Италија: „Биолошки бомби“ се домовите за нега каде се праќаат пациенти со Ковид 19 Read More »

(Фото) Чаршафи наместо излози: Луксузот се сели од Њујорк


САД- Со тоа што Њујорк е епицентарот на пандемијата на коронавирус во САД, некои од најпопуларните трговски улици во градот лоцирани во населбата Сохо се затворени. Фотографиите снимени од светски познатата област – дом на луксузни трговци на мало како Диор, Луј Витон, Коуч и Долче и Габана – прикажуваат необично различен Сохо. Тротоарите некогаш …

(Фото) Чаршафи наместо излози: Луксузот се сели од Њујорк Read More »

Пристига „Period Spirit“: Парфем кој ви помага при менструални тегоби


Шведска- Креаторите тврдат дека секое есинцијално масло во парфемот е специјално избрано за да ви ги реши менструалните тегоби. Шведска компанија која произведува помагала за жените при породување и вежби, го лансира овој најконтраверзен производ во козметичката индустрија, инспириран од менструацијата. Овој еликсир со урамнотежени PH вредности содржи дури 401 есенцијално масло (меѓу нив бергамот …

Пристига „Period Spirit“: Парфем кој ви помага при менструални тегоби Read More »

Масимо Фавила за „Независен“: Бројот на заразени во Италија е многу поголем од официјалниот


Слободанка Јовановска Бројот на заразени во Италија е многу поголем од тој што се кажува во дневните билтени, вели Масимо Фавила, експерт за епидемиологија, санитарен директор и поранешен раководител на одделот за превенција на регионот Пиемонт.  Според него, здравствениот сектор реагирал на врвно ниво, но бројот на болни истовремено бил зачудувачки неверојатен. „Каков ќе биде …

Масимо Фавила за „Независен“: Бројот на заразени во Италија е многу поголем од официјалниот Read More »

„Алкалоид“: На пазарот има производи што претставуваат фалсификати на нашите средства за дезинфекција


„Алкалоид“ АД Скопје соопшти дека на пазарот има производи што претставуваат фалсификати на средствата за дезинфекција што ги произведуваат – Ecosal® и Dezintal®, а кои се воедно и нивни заштитени трговски марки. Од компанијата апелираат купувачите да внимаваат при купувањето, бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде …

„Алкалоид“: На пазарот има производи што претставуваат фалсификати на нашите средства за дезинфекција Read More »

Тајван донира 10 милиони маски на земјите кои се најтешко погодени од Ковид-19


Тајван ќе донира 10 милиони маски за земјите кои се најтешко погодени од новата пандемија на коронавирус, изјави денеска претседателката Цај Инг-Вен. Тајван ќе испрати седум милиони маски во 11 европски земји, вклучувајќи ги Италија, Шпанија и Германија, кои имаат најголем број на случаи, потврди за ДПА тајванското Министерство за надворешни работи. САД ќе добијат …

Тајван донира 10 милиони маски на земјите кои се најтешко погодени од Ковид-19 Read More »

Тестови за КОВИД 19 се вршат во пунктовите во поликлиниките „Јане Сандански“, Ченто, Чаир и Идадија


Министерството за здравство соопшти дека од денеска е во функција уште еден пункт за тестирање на коронавирус во Поликлиниката Идадија. Граѓаните на Скопје можат да се тестираат во четирите пункта и тоа во поликлиниките „Јане Сандански“, Ченто, Чаир и Идадија. Со ова, двојно е зголемен капацитетот за тестирање во Скопје. Од минатата недела во функција …

Тестови за КОВИД 19 се вршат во пунктовите во поликлиниките „Јане Сандански“, Ченто, Чаир и Идадија Read More »

Колку мораториумот ќе ги зголеми ратите на кредитите


Мирче Јовановски Врие на социјалните мрежи откако граѓаните кои имаат кредити во банките сфатија дека одложувањето на ратите и каматите не е бесплатно. Односно, дека додека нивните обврски кон банките мируваат, народски кажано „таксиметарот врти“. Банките за периодот од шест месеци ќе пресметуваат камата на долгот во мирување, која потоа, откако ќе помине тој рок, …

Колку мораториумот ќе ги зголеми ратите на кредитите Read More »

Eкономски хроничар: „Ова е само почеток на кризата”


(Дојче Веле) Кризата со коронавирусот покажува сличности со воените економии, вели историчарот Албрехт Ричл во разговор за ДВ. Таа може да ги достигне димензиите на светската економска криза. Сепак, Германија е добро подготвена. Вие сте историчар и се занимавате со економските кризи. Кажете ни ги накратко главните одлики на една економска криза? -Намалување на побарувачката, …

Eкономски хроничар: „Ова е само почеток на кризата” Read More »

Џузепе Конте до Германците: „Ние пишуваме историја, а не учебник за економија“


Во интервју за германскиот телевизиски канал АРД, премиерот на Италија, Џузепе Конте ја повика Европа да покаже дека е „заедничка куќа“ и да демонстрира оти може да одговори на епохискиот предизвик на корона вирусот. Конте рече дека со корона обврзниците нема да се бара од германските граѓани да го платат долгот на Италија акумулиран во …

Џузепе Конте до Германците: „Ние пишуваме историја, а не учебник за економија“ Read More »

„Откажан“ меѓународниот Ден на шегата поради корона вирусот


Во светот денеска, 1 април, се одбележува како Ден на шегата, кога луѓето соопштуваат лажни новости за другите да се смеат или да бидат во смешна ситуација, но оваа година тој ден се падна сред пандемија од корона вирус. Многу претпријатија одлучија годинава да не учествуваат во првоаприлските шеги. Меѓу нив е и Гугл, чија …

„Откажан“ меѓународниот Ден на шегата поради корона вирусот Read More »

Кина и Русија не прекинуваат со лажните вести за да ја ослабат Европа


Главната цел на лажните вести е да се тврди оти ЕУ била неподготвена за корона вирусот, а успешни биле само Кина и Русија   Кина и Русија продолжуваат да ја користат глобалната криза на корона вирусат за ширење лажни извештаи и други мрежни дезинформации, се вели во најновото ажурирање објавено во средата од тимот на …

Кина и Русија не прекинуваат со лажните вести за да ја ослабат Европа Read More »

Убавата страна на карантинот: Индија продиша


Кога Индија влезе во карантин пред неколку дена, го направи тоа за заштита од корона вирусот. Но, за неколку дена се покажа дека таа одлука донесе корист, па така забележан е голем пад во бројот на штетни честички во воздухот. Државниот карантин во Индија значеше затворање на многу фабрики, супермаркети, продавници и канцеларии. Освен тоа, …

Убавата страна на карантинот: Индија продиша Read More »