„Откажан“ меѓународниот Ден на шегата поради корона вирусот


Во светот денеска, 1 април, се одбележува како Ден на шегата, кога луѓето соопштуваат лажни новости за другите да се смеат или да бидат во смешна ситуација, но оваа година тој ден се падна сред пандемија од корона вирус.

Многу претпријатија одлучија годинава да не учествуваат во првоаприлските шеги. Меѓу нив е и Гугл, чија маркетинг служба наведе дека нема да се приклучи во шегувањето од почит кон луѓето што се борат против пандемијата. Службата додава дека се откажани сите подготовки за евентуални шеги кои традиционално ги праѓаат на 1 април.

Во некои источни земји како Индија и Тајланд најавија затвор за оние кои ќе се шегуваат на сметка на корона вирусот.

Вчера и министерот за внатрешни на Хрватска повика да не се шегуваат на сметка на пандемијата, особено да не објават дека е најден лек за болеста.

Први април се смета за народен празник, и не се знае од каде потекнува. Се смета дека почнало некаде на истокот, некои вела уште од стар Рим, но традицијата трае со векови.

Овој датум има друго значење во Финска и во Швајцарија. Тие на 1 април ги учат децата на земјоделски работи. Се претпоставува дека денеска во светот многумина ќе се пошегуваат, а медицинските истражувања покажуваат дека шегата е добар „лек“.