За 24 часа во државава нови 318 лица во изолација и самоизолација


Фото: Б. Грданоски

Во изминатото деноноќие на територијата на нашата држава на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале изјава за самоизолација.

Како што соопшти МВР, полицајците во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирале дека во два различни случаја, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во својот дом.

-По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 17 лица, а за останатите лица се изготвени записници.