Симболика во корона-криза: Дали Вилијам и Кејт се спремни за крал и кралица?


Англија- Изминативе месеци беа тешки за принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, но исто така беше период во кој тие покажаа зрелост дека можат да ја предводат британската монархија во корона-криза. Откако принцот Хари и Меган Маркл се повлекоа од кралските должности и се преселија во Лос Анџелес, неопходното повлекување и на кралицата Елизабета во замокот Винзор заради заштита од Ковид 19,  исто така и принцот Чарлс (кој беше позитивен на вирусот) и Камила Паркер-Боулс во Шкотска, двојката ја презеде улогата да биде лицето на кралското семејство за време на страв и неизвесност во Велика Британија – и тоа е образец за тоа како можеме да очекуваме од нив да се однесуваат како крал и кралица.

Експертот за јазикот на телото Алисон Вард за „Експрес“ изјави дека изгледа дека Вилијам и Кејт „се чувствуваат многу поудобно во зголемените улоги“.

Кралскиот коментатор, Ричард Фицвилиамс, истакна: „Заминувањето на Хари и Меган им го отвора патот на Вилијам и Кејт, кои им се посветени на своите кралски должности, да заблескаат во глобални рамки.“

И обраќањето на принцот Вилијам до нацијата, во кое тој го повика британскиот народ да се „обедини“ за да го „надминат предизвикот“ на Ковид19, наликуваше на говор на иден крал.

И стилот на Кејт еволуираше додека таа се подготвува еден ден да стане кралица. Деновиве, таа користи слична палета на бои со кралицата, и се повеќе го позајмува накитот од кралицата Елизабета.

Ништо од ова, се разбира, не значи дека Кејт и Вилијам и порано ќе седнат на тронот отколку што очекувале. Принцот Чарлс е следен за тронот, и иако постојат шпекулации дека круната може да го „прескокне“ и да оди директно кај Вилијам, тоа е, всушност, многу малку веројатно. Сепак, она што сугерира е дека Кејт и Вилијам, зачекоруваат во улогите како монарси за кои долго време биле сигурни дека е нивна судбина.