Убавата страна на карантинот: Индија продиша


Кога Индија влезе во карантин пред неколку дена, го направи тоа за заштита од корона вирусот.
Но, за неколку дена се покажа дека таа одлука донесе корист, па така забележан е голем пад во бројот на штетни честички во воздухот.
Државниот карантин во Индија значеше затворање на многу фабрики, супермаркети, продавници и канцеларии. Освен тоа, сиот јавен превоз е сопрен, а сопрени се и градежните работи.
Индија на овој начин бара од своите граѓани да останат дома и да ги почитуваат мерките а да се спречи ширењето на корона вирусот. За сега во оваа држава забележани се нешто повеќе од 1.300 случаи, а 35 починаа како последица на ковид 19.
Откако се сопре, а граѓаните останаа дома, забележан е огромен пад на штетните честички во воздухот кои инаку ги прават автомобилите и големите фабрики.
„Не сум видел сино небо над Делхи последните десет години. Вдишувањето на воздухот овде сериозно им штети на луѓето, а во целата оваа пандемска криза позитивно е што може да излеземе и да вдишиме чист воздух“, вели за Си-ен-ен Џиоти Панде Лавакаре, основач на  организацијата Care for Air.
Аналитичарот од Делхи, Сунил Дахиа објасни дека промената е забележителна, но дека е свесен оти штом престанат вонредните мерки се ќе се врати на старо: „Но, тоа не е причина да престанеме да славиме и да уживаме, се надевам дека ќе ни биде лекција за понатаму“.