Кина и Русија не прекинуваат со лажните вести за да ја ослабат Европа


Главната цел на лажните вести е да се тврди оти ЕУ била неподготвена за корона вирусот, а успешни биле само Кина и Русија

 

Кина и Русија продолжуваат да ја користат глобалната криза на корона вирусат за ширење лажни извештаи и други мрежни дезинформации, се вели во најновото ажурирање објавено во средата од тимот на Европската служба за надворешна акција, посветено на истакнување на ваквите дигитални тактики.

Групата наречена „Источен стратком“, чиј мандат вклучува откривање лажни вести од Русија, соопшти дека имало повеќе од 150 случаи на проруски дезинформации поврзани со глобалната здравствена криза од крајот на јануари. Тие ги вклучуваат и тврдењата дека Европската унија била на работ на колапс заради погрешните одговори на националните влади на Ковид-19.

Преку социјалните медиуми овие наративи, честопати промовирани од руските медиуми како РТ и Спутник, исто така потенцираа како Кремљ е подобро подготвен од своите западни колеги и како некои влади на ЕУ ја поздравија помошта обезбедена од Москва и Пекинг.

Овие пораки допрва треба да се пробиваат до пошироката публика, а претежно престојуваат кај пријателска руска и кинеска онлајн публика, особено во земји како Италија, Шпанија и Грција.

Но како што глобалната криза расте со брзо темпо, ваквите напори – како од државни групи, така и од домашни актери на ЕУ – ја поврзуваат пандемијата на корона вирусот со постојните теми за дезинформација, вклучително и таргетирање на мигрантите, малцинските групи и долгорочниот кредибилитет на ЕУ.

И Русија и Кина ги отфрлија обвинувањата дека ширеле лажни извештаи и дезинформации на Интернет.

Како одговор на јавната здравствена криза, претставници на ЕУ и извршни директори од Гугл, Фејсбук и Твитер се обидоа да ги намалат најлошите престапници, при што Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија, ги повика и технолошките компании и јавноста да направат повеќе за да престане ширењето дезинформации преку Интернет.

Соочени со барањата за акција, гигантите на социјалните медиуми го зголемија својот одговор на кризата, вклучително и промовирање на службени совети, отстранување на штетниот материјал и употреба на алатки за вештачка интелигенција за следење на лажни извештаи. Сепак, многу креатори на политики остануваат незадоволни, а дезинформациите остануваат распространети на овие дигитални платформи.

„Оние што шират дезинформација ви штетат“, рече Фон дер Лејен во онлајн видео изјава во вторникот. „Дезинформацијата може да чини животи“.

Во последните неколку недели, според анализите, Кина и Руси се обидоа да го поткопаат одговорот на Европа на кризата. Тоа вклучуваше и промоција на пораки, како во блокот од 27 држави, така и за Западен Балкан, Северна Америка и на друго место, дека ЕУ не се бори против пандемијата, дека ги изневерува своите основни вредности во реакцијата на регионот и дека Москва и Пекинг беа единствените што обезбедија стабилна стратегија за борба против Ковид-19.  (Политико)