Италија: „Биолошки бомби“ се домовите за нега каде се праќаат пациенти со Ковид 19


Италијанските лекари и синдикати предупредуваат дека владината политика да испраќа пациенти ослободени од болница, но сепак позитивни на корона вирусот во домовите за нега е како подготвување „биолошки бомби“.

Со над 28.000 лица во болница, вклучувајќи повеќе од 4.000 на интензивна нега, креветите треба да бидат ослободени што е можно поскоро, а оние кои не се во можност да ја бидат изолирани дома, се префрлаат во домови за нега или во хотели.

Вирусот веќе се инфилтрирал во помошните објекти за живеење низ целата земја, со што се подготвува таканаречен „тивок масакр“.

Се стравува дека стотици луѓе во домовите за нега им подлегнале на болеста – над 600 само во тешко погодениот регион Бергамо – иако е тешко да се дојде до соодветни податоци, а многу жртви, наводно, не биле ни тестирани, велат експертите.

Тие изразија сериозна загриженост во врска со безбедноста на 300.000 жители во околу 7.000 домови за нега во Италија.

„Во ваква војна, не можеме да се изложиме на опасност од повторна појава на нови епидемии, кои ризикуваат да ги претворат домовите за нега во „биолошки бомби“ што го шират вирусот“, рече Рафаеле Антонели Инкалци, шеф на италијанското геријатско друштво СИГГ за АФП.

„Масовното користење легла во домовите за нега за да се олесни притисокот врз болниците … ќе ги доведе во опасност постарите жители, а тие се најслабата алка во оваа пандемија“, рече тој.