Жителите на Виена ќе добијат по 50 евра за кафулиња и ресторани


Градот Виена планира со ваучер од 50 евра по домаќинство да го поттикне угостителството чии објекти од петок повторно ќе бидат отворени, по двомесечна пауза. Сите домаќинства од средината на јуни ќе добијат ваучер од 50 евра, најави градоначалникот на Виена Михаел Лудвиг. Тој рече дека сите 950.000 домаќинства ќе добијат ваучер од 50 евра, …

Жителите на Виена ќе добијат по 50 евра за кафулиња и ресторани Read More »

Судови во Италија воведоа „онлајн развод“


Пандемијата на Ковид-19 влијае на сите аспекти од животот, па карантинот во Италија го зголеми и бројот на оние што чекаат за развод до толкава мера што не можат да се решат со редовна постапка пред судија, па некои судови се одлучија на развод преку интернет. Судовите се преполни со барања за развод, па некои …

Судови во Италија воведоа „онлајн развод“ Read More »

ТКП со зголемена продажба на домашниот пазар


Тутунски комбинат од Прилеп во првиот квартал од оваа година ја зголеми продажбата на своите производи на домашниот пазар и оствари приходи од продажба во висина од 15,77 милиони денари, што е раст за 23,5% во однос на истиот период лани кога тие изнесуваа 12,76 милиони денари. Во овој период, поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 …

ТКП со зголемена продажба на домашниот пазар Read More »

Анонимни граѓани ја посадиле тревата на плоштадот, Градот немал право


Просторот на плоштад Македонија каде требаше да никне објектот „Шпански скали“ и натаму ќе остане јавен простор, тврди градонаќалникот Петре Шилегов, а вели дека тревата е посадена од анонимни граѓани. Оваа парцела, која до пред некој ден беше ископана и со земја, сега е убаво уреден тревник околу кој има пашачки патеки со клупи за …

Анонимни граѓани ја посадиле тревата на плоштадот, Градот немал право Read More »

(Во живо) Прес конференција на Инспекцискиот совет


Денеска, со почеток во 13 часот прес-конференција ќе одржи претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, заедно со Стојко Пауновски – директор на Државен пазарен инспекторат, Иринка Сотирова – директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Висаре Риза – Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Аљадин Хавзиу – директор на Државен инспекторат за труд, Руфат Хусеини …

(Во живо) Прес конференција на Инспекцискиот совет Read More »

Судењето за организаторите на 27 април продолжува на 15 мај, ќе сведочат Стефан Младеновски и Весел Мемеди


Судењето за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието продолжува на 15 мај годинава, кога треба да бидат сослушани сведоците Стефан Младеновски и Весел Мемеди. На денешното рочиште сведочеше Антонио Кочков, кој рече дека е член на ВМРО-ДПМНЕ и ги поддржувал протестите на движењето „За заедничка Македонија“. – Имавме вибер група преку која комуницираме …

Судењето за организаторите на 27 април продолжува на 15 мај, ќе сведочат Стефан Младеновски и Весел Мемеди Read More »

Не се разговарало за кратење на платите на администрацијата


Кратењето на платите во јавната администрација воопшто не е отворено како тема на разговор, не е разгледано како можност, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој ги отфрли како неточни информациите дека меѓу него и министерката за финансии има несогласувања особено за кратењето на платите во јавната администрација. – Јас и министерката за финансии …

Не се разговарало за кратење на платите на администрацијата Read More »

Кон: Границата на Србија со Северна Македонија се отвора на 1 јуни поради тоа што не е жариште на коронавирус


Србија целосно ќе ги отвори границите од 1 јуни, но само со четири соседни земји, со Северна Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора. Оваа одлука е донесена затоа што ниту една од овие земји не била жариште на коронавирусот, изјави епидемиологот и член на српскиот владин кризен штаб, д-р Предраг Кон. Како што јави дописникот …

Кон: Границата на Србија со Северна Македонија се отвора на 1 јуни поради тоа што не е жариште на коронавирус Read More »

Бектеши: Мејловите што беа објавени во некои портали се стари, не е направена никаква штета


Не е направена никаква штета, мејловите што излегоа во некои портали се стари. Се работи за дата база која била користена пред седум-осум години, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по пишувањата во дел од порталите дека бил хакиран системот на Министерството за економија и земени податоци за мејлови и пасворди од вработени. – …

Бектеши: Мејловите што беа објавени во некои портали се стари, не е направена никаква штета Read More »

СЗПМ: Да се олеснат мерките за возрасните луѓе над 67 години


Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија денеска предложи за граѓаните над 67 години да важат истите мерки за заштита од корона вирусот како и за останатото население. -Сметаме дека ограничувањето на времето за движење до сега имаше свое оправдување, но во услови на смирување на пандемијата Ковид 19, како неопходна потреба за пензионерите е …

СЗПМ: Да се олеснат мерките за возрасните луѓе над 67 години Read More »

Денеска има 20 новозаболени, оздравеле 24, но починати се три лица


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти. – Скопје 12 – Прилеп 7 – Тетово 3 – Кавадарци 1 – Пехчево 1 Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1. Досега во земјата се направени вкупно 19.739 тестирања …

Денеска има 20 новозаболени, оздравеле 24, но починати се три лица Read More »

Почна скринингот – први се тестираат вработените во градинките


Министерството за здравство информира дека денеска почна таргетираниот скрининг на одредени критични категории на пациенти за КОВИД-19. „Од денеска почнува скринингот на одредени критични категории. Почнуваме со вработените во градинките, со цел паралелно на овој процес со кој се прави изготвување на протоколот за работа на градинките, тие да се ставаат во функција. Сметаме дека …

Почна скринингот – први се тестираат вработените во градинките Read More »

„Свислион“ планира понуда за дооткуп на „Агроплод“


Подружницата на српската компанија „Свислион Таково“ во земјава, „ПИ Свислион“ ДОО Скопје најави дека планира да достави понуда за откуп на преостанатите 8.364 акции на „Агроплод“ од Ресен што не се во нејзина сопственост. Како што јави СЕЕ Њуз, „Свислион“ планира да понуди по 13.530 денари за акција на „Агроплод“. Компанијата информира дека конечната понуда …

„Свислион“ планира понуда за дооткуп на „Агроплод“ Read More »

Во Русија повторно над 10.000 заразени со коронавирусот за еден ден


Во Русија во последните 24 часа се регистрирани 10.028 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени достигна 242.227. Руските здравствени власти соопштија дека од вкупниот број нови пациенти, 4.461, или 44,5 проценти, немаат никакви симптоми. Русија од вчера е на второ место во светот по бројот на заразени со коронавирусот, после САД.

Комората на угостители ги очекува протоколите за нивната работа, предлагаат мерки за поддршка на угостителството


Граѓаните ќе бидат безбедни во угостителските објекти кои се подготвени да ги пречекаат, вели Мартин Ангеловски потпретседател на Туристичко угостителската комора при ССК, кој денеска го претстави сетот на мерки за реализација на кампања чија цел е поддршка за секторот, да се постават нови стандарди за работа, за долгорочно да се придонесе за подобрување и …

Комората на угостители ги очекува протоколите за нивната работа, предлагаат мерки за поддршка на угостителството Read More »

Облеката, тоа се емоциите: „Валентино“ сака да „испорача нови соништа за нов момент“


Италија- Светот во моментов се чувствува како место диктирано од ограничувања: каде не можете да одите, што не можете да направите, кого не можете да го видите. Креативниот директор Пјерпаоло Пичоли од „Валентино“ има креативно решение за ограничувањата на живеење среде пандемијата на коронавирус: сонување. Дизајнерот, повикувајќи се на Vogue Global Conversations од неговиот дом …

Облеката, тоа се емоциите: „Валентино“ сака да „испорача нови соништа за нов момент“ Read More »

Пофалба на судиската непослушност


ИЛО ТРАЈКОВСКИ Сите сили на популистичка Македонија се кренаа против баучот на независното судство   На 22 март 2019 година, на страниците на „Независен весник“ пишував за една посакуванa судиска побуна. Анализирајќи го општественото значење на неколку судиски одлуки од тој период, се осмелив да ја назначам веројатноста за една судиска побуна. Повеќе како посакување …

Пофалба на судиската непослушност Read More »

Народната банка донесе нов пакет монетарни мерки


Намалена е основната каматна стапка, дополнително намален е понудениот износ на благајнички записи и проширен опфатот на инструменти за обезбедување денарска ликвидност во банкарскиот систем   Народната банка ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, со што таа ќе изнесува 1,5 отсто, што е трето намалување оваа година, по јануари и март. Истовремено, …

Народната банка донесе нов пакет монетарни мерки Read More »

Захариева: Никој никогаш не го оспорувал идентитетот на Македонија


Никој не ги спречува нашите соседи да се самоопределат, но тоа не може да се прави врз основа на историски лаги и антибугарска реторика, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. – Тоа самоопределување, таа нација што ја создаваат од 1944 година, не треба да се базира на лаги и антибугарска кампања, туку на …

Захариева: Никој никогаш не го оспорувал идентитетот на Македонија Read More »

Џентилони: Ќе има летна туристичка сезона во Европа


Европскиот комесар за економија Паоло Џентилони е убеден дека годинава, и покрај пандемијата на коронавирусот, ќе има летна туристичка сезона во Европа. Тој во интервју за германскиот „Зидојче Цајтунг“ изјави дека дефинитивно ќе има туристички сезони во текот на летото, но под одредени мерки и со ограничувања. Европската комисија денеска треба да презентира препораки за …

Џентилони: Ќе има летна туристичка сезона во Европа Read More »